крило ср.

крило (ср.)

В ѕидот, пак, ко в кафез птички крилца го кршат тие гласот свој. Ткаејќи, таа слушна плач.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
СПИРО: Така е, легач. Градината сама се вади; тешката бунарска кофа има крила, сама лета нагоре; дрвата сами се цепат; ѓубрето само се исфрла на буниште...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
2. Таму горе на небото зора руди, земја буди, ден морави шири крила и алова точи свила, таму зора црвенее - мое срце ми црнее.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Кој ни ги скрши белите крилца крилца на галаби бели?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Штом ми пишете да си дојдам крилја ќе си ставам и веднаш ќе се најдам овде кај вас.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тој може би сега завиен во студените крила на ноќта, се сеќаваше за домашниот топол кат, кај што пикнат под јорган не го слуша пијаниот глас на татка си, кога ќе дојде доцна од град ни плачните прекори од кај мајка си.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Понесени на своите мисли, како на крила, кон далечните пространства, двајцата другари и не усетија кога им се приближи кондуктерот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дедо Сталин си напери една пушка убојна. Дедо Сталин, тој му тргна во десното крилце му.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Врз темниот оревов долап, над секакви дебели книги, препариран орел ширеше силни крилја; со отворениот клун ми го нишанеше срцето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Темниот удар на крилото темно ја сече модрината. Блеснува на студенилото рибата в клунот раскината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Загледај во сите осамени, сите разделени, и сите ледени врвои и сите ливади зелени, и чуј - додека твоето крило над нив морно се вие како немирно во нив моето срце бие! Не слетувај галебе мој, врати се пак во јатото.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Полките навреме ја сетија и се распрснаа пред нејзината остра муцка; зад нив остана само треперење на крилја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веѓите ѝ се извиткаа, беа крилја на птици од детски цртежи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но гавранот научи во своите сто години како треба да се чува од појаките; уште пред да се доближи човекот, црната птица ги рашири крилјата и се изгуби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Седиме тројцата згрчени над разгореното мангалче и чекаме да зашушкаат над нас крилја на диви пајки, да шлапне водата од нивното паѓање.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зениците ќе ги кријам од сонцето или, сеедно, од ѕвездите, додека рацете ќе ми висат како мртви крилја и ќе треперат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ни мртвата птица, чија сенка мавта со крилја зад моето чело.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Храно велам хранете се испотени и влажни од топла пареа што се цеди од колковите на ноќта Игриво зањискајте да вриснеш скокни ти птицо со заборавените крила козјонога танчарко кобило преуморена преку овој прозорец да скокнеме заедно и во него пак и секогаш без запирање по сенестата ведрина на просторот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повеќе