криминален прид.

криминален (прид.)

Алегоријата е везена со мајсторство, колку со вибрантниот и воздржан стил толку и со умешноста на митот на отпорот против криминалниот диктат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зборувам за митското, племенско размислување, за дивјаштвото, примитивизмот, за неписменоста, за криминалниот менталитет, за кражбите, за лагите, за легализација на лагите, за културата на лажењето, за самоволието, за новокомпонираниот рурален менталитет којшто плаче додека убива и убива додека плаче...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ќе легнеше на кревет и ќе читаше дела како „Битие и небитие“ и „Форми и вредности во модерната поезија“, одбивајќи ги со презир каубојските, порно и криминалните романи што неговите пријатели постојано му ги нудеа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Упаднавме во варварство, општеството станало криминогено, владее криминалниот елемент и се здобива со статусот на национално херојство.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На телевизијата најчесто прикажуваа тешки филмови, со војни, или криминални. Без таа да каже било што, сестрите веднаш го исклучуваа телевизорот. И беа во право. Не само заради неа. За сите. Само насилство, агресивност.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сметаше дека доволно прочитал и доволно видел во својот живот за да умее тероризмот да го смести кај поединци и нивните криминални групи наместо кај цели народи или пак држави.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се афирмира како непогрешлив во операциите, така што повиците за услуги во сложени ситуации од семеен, љубовен, деловен и криминален карактер толку многу зачестија, што тој мораше да ангажира телефонски и интернет посредник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Постапката се одвиваше според законските правила пропишани за расветлување на криминални дејствија и ние бевме сосема изолирани.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)