кружи несв.

кружи (несв.)

Молчеше. Лилјаците ниско минеа, итро кружеа со шум и со танко цивкање, летаа над нас како фрлен камен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Високо над дабовата шумичка, со уште необновени лисја, кружеше орел.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со прстите на својата смеа што кружат во муграта наслутена те вадам од ова задушено купе што живее со здивот на тунелите и те водам во синиот и широк сон на јавата да се одмориш во зеленилото на пристигањето.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не ќе те доцеди ништо: - под твоето дно - уште едно дно; - врз твојата синина остана птица да кружи - змија се веде на твојот брег и даб, кора од ветришта црна, вести: над сите невекови век, полкови матии непогуби!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
II Не бој ми се, море! Врз твојата синина остана птица да кружи Змија се веде на твојот брег И даб, Кора од ветришта црна, храбри Ќе има век, Над сите векови ќе има век!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Или птица кружи Или замор надојдена дише.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Гледам врткало зајачето околу нив, грицкало изгледа млади гранчиња, потоа претрчувало до други смреки па кружело и околу нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Труп сошиен со гнили конци и околу него кружат потковани скорни и проблеснуваат бајонети.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше една таква радост во него, што тоа сега разигруваше околу таа раштркана солца на подот, живо помрднувајќи со опавчето и кружејќи, без ниеден миг да ја одлепи муцката од тоа место на подот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Трепереше над виорењето на снежниот врнеж, тој колеблив ден, а тука некаде, до каде што достасуваше скусениот поглед, неговата виделина се спрепелкуваше во снежинките, што кружеа, се испрепелкуваше во нив, денот просто исчезнуваше, сопнат, и веќе го немаше, оставајќи ја на своето место само таа густа и мека ткаеница на снежинките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше глас, во кој стоеше и презирот кон страот, што е толку блиску до нив. Тој воопшто не кружеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Над врвот се виеја и кружеа големи крстатни орли.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги следеше крикот на галебите кои кружеа над коњаникот, како и тие да учествуваа во оваа преубава игра.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Чекаме... Ништо не трепери. Неколку нови сонца кружат За да нѐ изнајдат.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
И глас надоаѓа од оној ист рид од кај што сакав да те преселам во земја онокрајна во миг светлина кога ме осветли јарка Ти, таму на север, неподвижна како лузна, како костур, а јас – на твојот југ кружам од рид на рид, од брег на брег жив во дамнината.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Од тој петок, Со години, Ти во твојата И јас во мојата пустина Кружејќи создадовме сонце.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Кружат шишињата со ракија од рака до рака, паѓаат наздравувања, благослови, едно од друго поубави, помладите поздравуваат со сегашен јазик, а старците вадат од сеќавањата некакви стари зборови, па ги везат и ги редат во долги наздравувања, ракијата во шишињата се смалува, а расположението, расте.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така можеа и да ги потврдат гласовите што кружеа меѓу војниците и уште нешто да додадат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе од орлите! Гледај ги како раздразнето кружат...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Човекот ги уништува. Сѐ поретко и поретко кружат во облаците, - рече Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе