круцијален прид.

круцијален (прид.)

Серл тука се обидува да даде одговор на следните круцијални прашања: Како ние ја лоцираме свеста во врска со нашиот научен светоглед?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кит Херинг имаше витална улога во едно круцијално време во светската историја.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сепак постои круцијална разлика помеѓу, на пример, препораката на Marcel Duchamp во Зелената кутија (1934) „Употреби го Рембрант како даска за пеглање“ и извршувањето на вакво деструктивно дело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во услови кога нашата економија беше, и сѐ уште е, во длабока криза и многу трговски друштва се затвораат, круцијален проблем претставува прашањето: што да се прави со работниците од компаниите што се пред затворање?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Судската постапка траеше до март 2001 – т.е. околу една година, што прилично долго време за еден работен спор кој по дефиниција треба да биде „итен“ бидејќи 162 се работи за круцијално егзистенцијално прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересно е тука да напоменеме дека Република Македонија веќе има изгубено неколку работни спорови пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и тоа токму поради повреда на круцијалното начело за судење во разумен рок, гарантирано во чл. 6 од ЕКЧП.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)