куплерај м.

куплерај (м.)

И така тие одат до еден кадифен куплерај и таткото му вели: „Еве нѐ, синко. Сега сам снаоѓај се.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еднаш, пред некоја своја најдобра пријателка, заборавив како се викаше, истата таа девојка од куплерајот, (Розе ли, Сузи ли, татко ти никогаш не паметеше имиња), божем изјавила дека постои можност да го напушти ова штипско буниште сместено дури во грдото Горно Маало.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во тој проклет куплерај или поточно во кафеаната го убија и оној несреќен солунец Раде, кој им се закануваше на властите од секое место и во секое време.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби го викнал Ролана и го довел до некоја замрачена соба во куплерајот“, си претпоставуваше таа, „до некое сопче од оние горе, на катот, во Градината што не ѝ го знам ни името, и го замолил да влезе во собата и да го стори она што обично, во таквите случаи, им се прави на курвите, уверувајќи го дека е во прашање некоја нова девојка, некое златно суштество.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Евтини воајерско амерички измишљотини зачинети со мизерен куплерај во кој беа обединети сите курви од екс ју просторите, а кутрите транзициони народи гладни за леб добиваа дневна доза ниски страсти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)