лели сврз.

лели (сврз.)

Лели јас тогај се ошумоглавив и Велко ме фати, та одвај ме пушти?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Лели за инает, еден товар сол ќе јадам, ама не му се поклонувам.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Не јаде штрк телци, а чедо, туку лели ти е страв, бркни го.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Лели ме ватил таицирот — сѐ ќе ми дојде, и до уши, и до глава. Ногу арно зборуа дедот Петко; ошче поарно ти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас сакам татка да го терам сводник да праќа, ама лели она посакала јас да ода и така нека биде!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доцо, шо те вака умот. Јас лели гледаш, су си амак. Не ти разбирам од нишчо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е, е! лели те најду и тебе, сега знам оти не су на лошо место попаднат — се успокои Толе наполно и продолжи да си живее со руса Миша во удобната квартирка близу до Јована и Неда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама лели те донесе господ тебе, веруам оти ќе ти се каже.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море ми каде... лели су и јас едно парче работник, стопанка му.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)