лепи (несв.)

Еден збор да ти рече, за срце ти се лепи. После, и јас ќе зборувам со него.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
По уморните клепки на бегалците им се лепеше сон и само со краен напор се совладуваа да не заспијат во длабок сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Околу чунот облетуваа роеви пијавици, се лепеа по него, и видувајќи дека нема што да исцицаат, се откачуваа и ронеа во водата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во црквата беше тивко. Мијале клечеше пред олтарот и со стиснати дланки на ушите го лепеше челото на камениот под.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега не си влезе право дома и не го остави ракавот во камарата над оган, ами влезе в земник, го отвори ковчежето во кое си собираше разни работи и каде мајка ѝ никако не проѕираше, го развитка ракавот, прислушна да не иде некој, ја извади китката, и така сама почна да ја гали, да ја мириса, да ја бакнува по цветот и повеќе по корењето, ја лепеше до образи де од едната, де од другата страна, ја притискаше на гради, та дури го извади гушалчето и ја кладе под левата гола град под која силно, како чекан, биеше нејзиното, тукушто разбудено, младо срце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По ѓумето се разлева ретка црвеникава светлина и се лепи по нашите лица како зажарена пајажина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас не можев да ја слушам цел живот твојата несигурна виолина. нејзините звуци се лепеа за кожата, притискаа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А јас бегам и нозете се лепат на тоа сребро.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Клепките му се лепеа однатре - години... коњ...каков коњ?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На црковните икони светците беа тебецести и имаа смола во очите; гледаа во сѐ и се лепеа за сѐ во што гледаа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мракот му се лепеше за кожата и тој затропа на првата врата сменувајќи ги тупаниците како чекани. Брзо, со сета сила на својот страв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Е, таму се тешките чорбаџии, а парата на пара се лепи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И таму лежи човек и плашливи одблесоци од батеријата отскокнуваат по лицето и рамото, се лепат на каскетот, покриен со танок слој земја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Очите по навика му се лепеа по сивите тантели од пајажината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мислеше дека треба да биде мирен, најмирен денеска, кога од тоа зависеше дали ќе продолжи да биде гладен, и така пробиваше бесшумен нагоре, со едната рака постојано врз пушката, чиишто железни делови почнуваа да му се лепат за прстите од студот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му лепат по лицето и рацете секакви каши. Што ќе биде понатаму - кој ќе му знае! ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дувам во јаката од палтово, но пареата е немоќна да лизне со топлина: предвреме замрзнува и се лепи со сињат по влакната на јаката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Никаков шум, никакво движење, само влажниот јазик на Стрела се лепи за неговата наддланка и го присилува да се сети на она што се случуваше синоќа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше уште многу рано. Одвај првата виделинка се лепеше за малиот прозорец, кога се крена тој невообичаен, настрвен лаеж на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе