литургија ж.

литургија (ж.)

Кои умрени се поменуват на свјатаја литургиа, тие се куртулисуват от руки дјаволски. Така рекл Христос.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Митра вели: „Може да не чинат за литургиа, токо пак надробете и со дедот поп за навора или клај му и во торбата, лека си касне, стар човек е“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега само отслужи една обична Златоустова литургија, се назова „Христос воскресе“, се причестија луѓето што ги испостиле седумте недели страшните пости, му дадоа по едно јајце на попот за „божиот дар“ што го примија од него и црквата се пушти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ова утро, кога Сукаловци ќе прават крштење, дедот поп ќе служи литургија. Затоа и тој, како Митра и Доста, стана уште в зори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во селото Старавина утринава поп Јаков служи литургија, држи проповед, та досега доцна ја пушти црквата, од која почна да излегува народ, крстејќи се пред иконата на св. Богородица над самата врата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како маченици кон светлината дури се искачувавме на постела од распеана литургија плачеше младич а поплава надоаѓаше од ридовите И кога надојдоа водите и кога се искачивме на ридот гледаме летото како се ниша од гласот на младичот - врати се девојко моја горка, со златен меч сонце преполовено мое.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Финиот господин со долг, бел шал и мазно лице заличува на клошар, жената во години, со плашлива насмевка, на заплашена студентка. Свечената литургија започнува.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Перса го забележа восхитот кај малечката и ситна женичка па побрза да ја превтаса Пелагија јавувајќи се со глас во кој секој можеше да насети радост Ние трите бевме на утринска литургија во Света Богородица!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На ова и се заврши разговорот за одењето на утринска литургија во црквата Света Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Перса не сакаше да навлегува во проблемите на Чана, таа е задоволна што Пелагија ја прифаќа идејата и вечерава можат да приготват гурабии, алва а и некоја суканица, а свечениот ручек кога ќе се вратат од неделната утринската литургија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Не е проблемот во џиповите. Проблем е што народот не оди секоја недела на литургија - му возврати свештеникот. - Па како да оди кога нема доверба.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Целото доживување беше како на богослужба – или на некој егзотичен верски обред што ми е понепознат од христијанската литургија – каде што сите, освен јас, напамет ги знаат правилните одговори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)