личност ж.

личност (ж.)

Тоа излезе од проста причина што требаше некој настан да се врзе за некоја личност и јас ги зедов оние имиња што ми паднаа во моментот на памет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во првата редица беа застанале главните личности од Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа ги молам сите живи а на умрените — нивните потомци, да не го земаат за зло и навреда ако се прикажани како негативни личности.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа Марија е само измислена личност. Неа никогаш ја немало.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Роденден. Каква е таа бесмислена идеја, тој тетребски занес за сопствената личност. Роденден!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Вашиот ценет сопруг е видна личност во македонската емиграција и ние сме загрижени да не дозволиме да падне врз него сенка што би можела да го опетни.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не затоа што тие не заслужуваат доверба... И самите знаете каква личност е Ѓорче.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сега, пак, ќе Ве посоветувам само едно: ако сакате да останете жив, не дозволувајте ѝ на соодветната личност да се сврти.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во приквечерината на овој непроменлив декор од агли и суви камени ѕидишта, бликаше оној огромен свет, полн со преживувања, личности, судири меѓу нив, дива гордост, свет што преминал во минатото, но што е така јасен и жив во неговата пламната глава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо сѐ уште не беше дојден до онаа јасност кога на човека му е можно и лесно да го сфати реалното постоење на својата личност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И оттогаш малечкиот Зоран како да стана голема и важна личност.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Документаристичкиот приод во градењето на романот се отсликува и во цитирањето на познатите документи кои тангираат конкретни личности или настани за кои станува збор, и нивното присуство во народната песна, кон која Николески има посебен респект.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Да се пишува дело за историска личност, уште повеќе за личност која прераснала во легенда, не е ни малку лесна задача.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Значи, овој роман спаѓа во редот на оние книжевни дела, малубројни во македонската книжевна ситуација, кои се посветени на конкретна личност и нејзиното дело.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јузбашијата ги знаеше многу убаво, тргнувајќи од својот татко — бег во Солун и преку разните негови другари — бегови, спаии, кајмаками, кадии, м"_ртии, авалеџии, беглиџии, идеше до сите заптии и колџии и нивните пљачкашки дела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Едноставно, потсвеста е таа што доживотно ќе ја прогонува личноста на поетот и ќе го возобновува архетипот, но никогаш, и покрај огромните напори, авторот нема да успее најпрецизно автентично да го репродуцира (за среќа!) туку осознавајќи го ќе го надградува со својата филозовска порака и имагинација.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се изумува дека точно тој фактор ја спречува високоселективната цензура на кортикалните центри, дека се појавуваат пореметувања на перцептивините настани, дека е тоа изменета свест на личноста дека е тоа негова деперсонализација и да се потсетиме само на кажувањата на Бодлер, Олдос Хаксли, Анри Мишо, да се потсетиме на Рембо, Аполинер, Горки.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На 11 февруари се избира селанец, крал и кралица, и тие се главните личности на карневалската поворка која се организира на секој 13 февруари, а во неа учествуваат неколку десетини илјади граѓани сите во разновидни носии, кои може да ги замисли само голема фантазија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе