лоцира св. и несв.
лоциран прид.

лоцира (св. и несв.)

Во втората зона, во која ќе бидат лоцирани индустријата и рекреационите површини, ќе живеат 100.000 луѓе а во третата и четвртата зона - 150.000 луѓе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И херменеутичката филозофија и когнитивната наука сметаат дека јазикот е лоциран во усогласеното однесување и интерперсоналните односи, а не внатре во „умот“ на секој поединечен човек (Winograd i Flores, 1987).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како некакво тотално прочистување, аскеза речиси, при што почисто ќе се лоцираат оние пар ентузијасти („фрикови, особењаци, откачени”) коишто се токму некакви столбови на духовност на оваа инаку моронска социјална градба?
„Маргина бр. 36“ (1997)
Најнадарените меѓу нив, кои би можеле да го претставуваат нуклеусот на незадоволството, едноставно се лоцираат од страна на Полицијата на мислите и се елиминираат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Првото вдишување на нејзиниот мирис предизвика во него некакво сеќавање што не можеше да го лоцира, но беше силно и вознемирувачко.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Црвените стрелки беа тајни залихи со оружје, сите точно лоцирани и опишани.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По добиените информации од мисиите, воените планери можеле да ги лоцираат основните жаришта на партизанското движење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК