лудо (прил.)

А тука - зошто паднав ја? зошто ме куршум прониза, зошто ме земја притисна - за кого лудо загинав?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Над градот е омарнина, по кеот мрака паднала, преку мост тропат копита, а Вардар лудо забрзал, галеби бели покренал а в соба тесна таванска Панче со млади студенти лист по лист вртат зборници.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Начинот од тага, созрева необично: лудо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ете, тоа е приказната за малото маче што така лудо си го изгорело убавото, меко опавче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Секоја пора, секој здив - сѐ во неа сакаше, лудо копнееше да сподели за успехот, за радоста, за оваа незаборавна вечер.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Глигор тоа не можеше да го стори, тој ја чувствува како се расплиснува крвта, како лудо удире во слепите очи и таа непокорност на крвта го тера да ја бара вистината за човечката совест.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Карпа! - простенкува тој. Ја остава батериската ламба до себеси, го грабнува чеканот и зафаќа лудо да удира во каменот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мислеше: колку ли е лудо и колку проклето попусто да се завива, да се зрчи и да се блазни во тоа прозорче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаете ли што значи мавање со топки? И тоа така лудо како што го правите вие.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се загнаа татко му и стрико му и го откинаа Муарема со многу извинувања „да не фаќа кусур на детето", бидејќи е лудо и аџамија, не знае што прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не гини лудо, бре, ќе простит царот, бре!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога дојде сликарот, селото ја славеше слободата; секогаш луѓето слободата, иако краткотрајна, ја славеа на свој начин; ја славеа вратоломно, лудо, шеметно; можеби затоа што знаеја дека е краткотрајна.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ЕКСПРЕСОТ лудо јури низ Германија, и патот од Минхен до Келн, долг близу 700 км., го минуваа за помалку од седум часа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Леташе без умор, без крај. Лудо. Те мамат невидени, волшебни предели, еден од друг поубави, посветли.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа е лудо. Јас не можам да плачам, зашто не знам каква ќе биде иднината, можам да бидам само оптимист.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Затоа што ме сакаше лудо... Од љубомора отепа човек...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Толку го погодило тоа кога чул дека жртвата бил Кенеди, што веднаш отишол дома; а сега сакаше да знае како јас можам да бидам толку мирен, иако сум му ја раскажувал приказната за Индија каде видов многу луѓе како лудо се забавуваат бидејќи починал некој што навистина многу го сакале, и дека тогаш сфатив дека всушност сѐ зависи од тоа како ти самиот ќе ја прифатиш ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Лудвик!“, викав. „Слегувај, Лудвик!“ Тој се смееше сосема лудо; мислам дека во тој миг дефинитивно изгуби контрола врз себе; „Знаеш ли Луцијо“, велеше, „знаеш ли каде е центарот на светот, Луцијо?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, нејзините очи почнаа да ме гледаат слично како и очите на мачката: отсутно и лудо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повеќе