маана ж.

маана (ж.)

— Првиот брав да нема маана — велеше Лесната, кога Чолакот рече оти прв ќе донесе.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Навистина, не беше убава седбата насекаде, ама „Гошово“, а особено Сукаловите нивје, немаа никаква маана.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, ич маана немаше бравот.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Тетка Фора го забележа потсмевот и се замеша, им рече на внучињата: - Во маните на тетина ви да не се огледувате.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Уште како дете прележа воспаление на мозокот, остана наглув и со маана во говорот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ѝ најдоа една таква девојка која беше сираче и која се хранеше работејќи по куќите во селото и која имаше како него некоја маана во говорот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оти кажано е: оној кој не се грижи за своите маани, се занимава со усовршување на мааните кај ближниот свој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но јас знаев дека ме теши, дека ме лаже; јас точно, секогаш во животот сум била свесна за своето тело, господине судија, за секоја негова маана или доблест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, никогаш не престана искрено да ги сака своите браќа, сосе сите нивни човечки маани.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По правило, тие четири години ги проаѓаат у пронаоѓање маани на ова општество.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ти недостасува? Мојата налудничавост? Мојата топла крв? Моите маани? Мојата кожа? Моето хистерично смеење?
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Те сакам татковино,таква каква што си, со сета убост и твоите маани, и сите догорчиња во срцето збрани распламтеа силно и ко да ми зборат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи