малоумен прид.

малоумен (прид.)

Манастирскиот поп, малоумниот отец Софроние, тешко се снаоѓаше: камилавката му беше издупчена, ту од кокарда, ту од петокрака, како веќе која војска ќе влезеше во широкиот ограден двор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ене го, Жан Мартин застанува пред терасата на локалот „Пергола“, го вади својот маслен халпцилиндер и го покрива темето со остра перика на малоумен баварски селски ѕвонар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
СТЕВО: Го чувме и твојот митинг. Сакаш да ме избркаат од работа поради твоите малоумни политички афектации? Видовме кој си!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Ти мислиш сѐ што не е ќелаво, е малоумно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Манастирскиот поп, малоумниот отец Софроние, тешко се снаоѓаше: камилавката му беше издупчена, ту од кокарда, ту од петокрака како веќе која војска ќе влезеше во широкиот ограден двор.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со крвта на животното ги испрскале воденичките камења, крв веќе да не се пролее од нивни орач и жнеач и скоро сосила довлекле однегде мијачки живописец, со секакви бои да ја забележи на внатрешните ѕидови историјата на покладарите, нивниот пат од Кукулино до Лесново и назад, со завршна сцена во која Онисифор Проказник ги подава исусовски пребелите раце кон куп воскреснати луѓе, од набожни причини со крилја и со голи бакрени стомаци под спокојно прекрстените раце, сите до еден, дури и малоумниот Јаков Иконописец, сликани според опишувањето на нивните мајки, жени или синови и секој над глава со напишано име.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И со слово мачно, со јазик одбран, со срам и пониженост му преподаде логотетот на Филозофот и слово за ќерката малоумна негова, за срамот негов, за гревот што не го сторил тој, ами некој негов предок, а тој го плаќа како долг туѓ од божјата книга на вересиите запишани.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А по себе на народот од родот свој безумност му остави, малоумниот Ровоама, кој го одврати од себе народот свој, и Јеровоама, Наватовиот син, и гревовите нивни толку се намножија, така што од земјата своја истерани беа; посегнуваа по секое зло додека одмаздата не дојде врз нив.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А во шоуто Бил со невиден шарм, духовитост и сарказам мама ебава на сиот можен регрес и репресија, малоумни предрасуди, ретардирани заблуди, политичка подлост, јавна злоупотреба, масовна глупотија... односно, со сите криви Дрини на вечно правата Америка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Само што помислив дека триумфирав дојдоа две малоумни горили ги испратил некој политички шпион ги начека Робинзон ги застрела в тилот Задоволни седнавме исецкавме купуз во чест на грдите погубени горили а потоа спремавме стратегија за напад следни беа политичките гниди
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)