маркантен прид.

маркантен (прид.)

Во секој случај е индикативен и маркантен на многу рамништа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го набљудуваше и таткото на неговата сакана, неговиот долг, маркантен нос, неговата нежна руса коса, негуваните долги руси вешто-подвиткани мустаќи и неговите убави, големи, силни раце со кои вешто и брзо го заврши писмото ставајќи точка на крајот со едно театрално движење.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Убај усни има, а и очите му се маркантни, црни. Ама како те изгледа тебе!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Најмладата во групата од Србија беше маркантната Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Авторот имаше чест да ги познава академик Оливера Јашар-Настева и академик Харалампие Поленаковиќ овие две маркантни личности да дели незаборавни моменти со нив, да им се восхитува на нивната ерудиција, мултиетничка и мултикултурна проникнатост не само во балканскиот јазичен сојуз туку и на неговото разгранување во сите други сфери на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)