математичар м.

математичар (м.)

Знам дека проблемот на интегралната формализација е проблем на математичарите и логичарите, но ако таа интегрална формализација не е можна тогаш и во самите науки постои она нешто што на уметностите или поетиките не им е туѓо.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Винер верувал дека го решил познатиот математички проблем од 19. век - Римановата хипотеза - и група математичари од МИТ и Харвард дошле за тој да им го изложи доказот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Често се случува да зборувам со математичари или логичари кои велат дека им се чини неопходна деконструкција во нивните сопствени подрачја.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Математичарот и теоретичарот на компјутерските науки (од САД) Hans P. Moravec (роден 1948) во својата расправа Универзален робот (1991) ја заострува проблематиката на модерната роботика во смисла, дека нашите денешни најдобри компјутерски водени роботи се способни да симулираат само нервен систем на некој си инсект; често откажуваат при задачите што би ги извршило и шестомесечно бебе (кога се работи за идентификација на предмети и нивно придвижување).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Самото дело на Гедел е впрочем една алка во долгата верига скована од математичарите за прецизирање на овој поим.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Или е тоа еден град кој се содржи самиот себе, или еден човек кој се содржи самиот себе? (Да спомнеме патем дека илузијата која се среќава во Качување и слегување и Перпетуум-мобиле не е измислена од Ешер, туку од Роџер Пенроуз, британски математичар, во 1958.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Подоцна други француски математичари ги доработиле сознанијата на Поенкаре.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За лаикот, фракталната уметност наликува на производ на магија. Но математичарот е во состојба да проникне во нејзината структура и значење.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Подоцна, во педесеттите и шеесеттите години, советскиот математичар Владимир Арнолд детално ја анализирал математиката на хаосот во осцилаторите, што е и срцето впрочем.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Јас сум математичар...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Видов милион нули на таа линија како се криват и губат во далечината, се насмеав и реков: „Извините, јас не сум математичар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како да ја измерам бесконечноста?“; на д-р Јанигер, кој минуваше оттука, му кажав: „Ја разбрав бесконечноста, иако не сум математичар.“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во една неодамнешна студија за развојната улога што ја одиграле старогрчките математичари со цел да се постигне „предност во војна“, John Onians го разгледува вградувањето на милитаризираната свест во Западната културна продукција.9
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мислиш ли дека нашите математичари не се дораснати за тоа? Ја заборави ли двомислата?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Светов кој не опкружува неповратно се променува, станува прагматичен и треба да сме добри математичари.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Накратко, никогаш не сум сретнал ниту еден заколнат математичар кому може да му се верува надвор од равенките и корените, или кој потајно не верува дека x2 + px е апсолутно и безусловно еднакво на q.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Министерот, мислам, има напишано труд за диференцијалните пресметки. Тој е математичар, а не поет.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Математичарите, кои и самите се пагани, сепак им веруваат на ’паганските басни’ и изведуваат заклучоци, не толку поради дупките во сеќавањето, колку поради некоја непресметлива спреченост на умот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас не сум Индискиот математичар Пингала И не сум творец на бинарниот броен систем но во трката по гордоста, ќе го позајмам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
VIII Климент Камилски во еден период толку многу се внесе во читањето и размислувањето за делото на големиот француски филозоф и математичар Рене Декарт што со сигурност можеше да се смета за редок, ако не и единствен картезијанец на овој дел од Балканот, ако не и на целиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)