мачител м.

мачител (м.)

Ме прогонеа? Ме демнеа згрчени под своите сенки? На мене се учеа да станат мачители? Да. И повеќе од тоа. Причина? Се плашеа од мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сомневањето е само темен мачител што сака да ја замрачи и да ја замори свеста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едниот рог заорал по тврдата земја. Животното се обидело да воздивне воздух и да го отфрли од своите ребра мачителот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сестри, викнала жена му. - Овој мачител сака предвреме да нѐ породи, Вашите мажи копаат камен, се згрбавуваат, а тој...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој беше мачителот, тој беше заштитникот, тој беше инквизиторот, тој беше пријателот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од кого ли научија тие прости, неуки, довчерашни овчари и говедари, измеќари и момоци, прислужници и подопашкари, та станаа народни судии и сурови мачители?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)