мека (несв.)

Се одѕива шумата од козјо мекање и од човечки гласови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Велат дека сојките некогаш блекаат ко јагне, некогаш мекаат ко јаре, а некогаш свират исто ко со човечка уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ноќната тишина ја сечеше острото и нерамномерно дишење на заспаните деца, а, одвреме-навреме, се слушаше мекањето на козите од блиските соседи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се мешаа среќните извици, плачот и мекањето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но ние веќе добро го познавме нивното мекање. Ова беше друг глас.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)