меланхоличен прид.

меланхоличен (прид.)

Се шеташе по тесното местенце меѓу сламарниците. - Паметиш ли? Им избегав. - Те фатија, - меланхолично шепна Арсо. - Ќе им се извлечам пак!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но ако бил повеќе загрижен за коњите, 'ртовите, пауните и билбилите во сарајот со мраморни шадрвани, слушал меланхолична песна на една од своите пребели жени и ги заборавал човечките патила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како високиот, елегантен осаменик Гари Купер, чија меланхолична ведрина опстанува наспроти сите гнасни разбојници на светов.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од процепите на камењето на тврдината излетуваа илјадници чавки кои најчесто во меланхоличен прелет, со здружен повик што чиниш ја бранува синевината на небото и повикува на далечно и неизвесно патување, запираа на гранките од тополите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во неговите раскази се препознаваат сите позначајни својства на готскиот роман: ужасот, гротеската и студената убавина на стравот, но и носталгичните и меланхолични поетски евокации на детскиот сензибилитет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
За меланхоличниот и осамен Ерген свадбената ложница веќе не е гадна просторија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неговата особена, меланхолична природа барала самотија. Заедничката работа и дискусиите не го интересирале.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Игор Лозински, беше јасно дека запаѓаше во нова меланхолична тирада која требаше да го води уште еднаш до вистината кон која ги упатуваше и оддалечуваше своите собеседници, пријатели: - Насетувам, веќе ви реков пријатели мои, дека немам уште многу живот за да го следам текот на овие води, судбината на овие јагули на големиот пат кон океанот и да го дочекам нивното враќање, - рече тивко Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Гледаше меланхолично како галебите се оддалечуваа, во висок лет, кон устието на реката, на патот кон Солун, градот на нејзиното среќно детство, во вителот на големата светска војна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гледала средовечни Еврејки, со бели долги фустани од везена свила, со меланхолични погледи, упатени кон крајниот хоризонт на улицата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Енергичниот Татков поглед го прифатија Мајкините очи, со постојано меланхоличен израз, од кои сега зрачеше блага прифатлива топлина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тишината те плашела единствено кога си била во друштво со други.  В зори ќе се зари, озарено лицето на светлината а ти меланхолично ќе се обидеш да ги отстраниш флеките на Луната да се исправиш на нозе небаре го држиш цврсто во свои раце универзалното клатно на рамнотежата             небаре си нашла решение како да излезеш на крај со депримираноста  божем ја игнорираш и ѝ вртиш грб             ама и грбот има             очи !
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ја препознаваа само страста во песните изведувани на непознати инструменти. Утови, дајриња, кануни, баглами, меланхолични чалгии...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По кралските градини на Асирија шетале меланхолично, шетале благосклоно тигрите, леопардите, лавовите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од продавницата на радија, се слуша меланхоличниот глас на Зара Леандер. Мириса на парфеми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Заминувајќи речиси доброволно од власта (се откажа од своите советници и голем дел на нацијата), свесен и за тежините на немоќта, во патетичен и меланхоличен излив, ќе извика: Староста, каков бродолом! (La Vieillesse quelle naufrage!).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одајата празна, а диванот ветвен Во пролет рана, со мирис летен Мислите мои – меланхолични звуци Душата моја – ѕвекот на прапорци Во очи си гледам качунка бела Мечтите мои – друга јас ги зела Делата мои пајакова мрежа ги вплела. 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Таа го исправи своето крупно тело и фрли меланхоличен поглед кон бавчите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Меланхолично се движеше низ куќи. Работата ѝ беше еден вид лек, ѝ ја затапуваше болката во срцето и ѝ ја ублажуваше осаменоста што се надвиснуваше насекаде.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во расказите, како и во романите, Џојс го опишува неговиот роден град Даблин од мошне необична перспектива: како непристрасен, невидлив и безличен наратор, а во исто време страсно, живописно и изнијансирано, со искосен, замрачен и меланхоличен поглед, свидетелски и дистанциран истовремено...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК