менструација ж.

менструација (ж.)

Тогаш на многу жени им дојде менструацијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не можам да се сетам дека ми дошла менструација.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многу ме зачуди, оти ние, жените, во тие долги борби и маршови, ја губевме менструацијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не е тоа мочкање крв. Тоа е природна појава кај жените што се нарекува менструација и се јавува кај девојчињата во перииодот на пубертетот, па трае сѐ до доцните години на жената.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По два часа, клекната крај мене на колена, со рацете и со главата во мојот скут, со голема доверба и со исчекување ми кажа дека ја добила првата менструација.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК