менување ср.

менување (ср.)

И ѝ кажувам сега за менувањето на забите: „Врано, врано, на ти коскен, а донеси ни златен.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Татко ти тоа го вели на шега, а употребувајќи ги тие изрази сака да каже дека јас сум некаков борец за правата на жените за ослободување и менување на нивниот, со векови непроменет, живот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
До колку Конференцијата не ја измени својата одлука - се вели понатаму во нотата - Силите би се нашле пред еден конфликт чија што сериозност би била поголема одошто сериозноста на преседанот што би се создал со менувањето на таа одлука.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И дека поради сето тоа, се одбива било какво менување на границата утврдена по Балканските војни и не се отстапува од тоа, освен со сила.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Има толку многу во едно менување што кусо трае.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Менувањето на кулисите на пост-замјотресното Скопје беше вртоглаво. Градот од разгледниците исчезнуваше без милост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со циркуларно менување на состојбите на манија и меланхолија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Значи, можеби растечкиот куп книги и часописи крај мојот кревет е добар знак; можеби сигнализира смрт на идејата за културно владеење (кое често е во дослух со економското и политичкото владеење); слично како и менувањето канали, можеби и тој имплицира обновено почитување на личното искуство и личните желби, наспроти „мудроста“ на културните гуруи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Мислам дека можете да ги видите позитивните ефекти што ги имаше мултикултурализмот во менувањето на нашиот поим на општество во скорешниот развој на западноевропските држави.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На истиот начин и херменевтичкиот пристап на големите англиски и германски романтичари- преведувачи е поврзан со менувањето на концептите за улогата на индивидуата во социјален контекст.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Другата сериозна противречност што ја поставуваат тие две идеологии е следнава: и демократијата и пазарното стопанство се изградени врз едноставен принцип, а тоа е: кој вели Демократија, тој ја прифаќа и можноста да го промени мислењето, прифаќа менување на можностите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Госпоѓата - госпоѓата Фина храна, госпоѓата Висока мода, госпоѓата Висока уваженост - знае дека со менувањето на своите конјуктиви кај водоинсталерот кој ја поправа чешмата ќе предизвика запрепастувачки стравопочит.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кинеските Таоисти развија учење за препуштање на она што тече - не-закачување за структурите на идеите, постојано менување и еволуирање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој процес на постојано менување се применуваше не само врз весниците, туку и врз книгите, периодичниците, памфлетите, постерите, летоците, филмовите, магнетофонските ленти, цртаните филмови, фотографиите - врз секој вид литература или документација што би можел да има некакво политичко или идеолошко значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што го импресионираше Винстон и сега, кога се сеќаваше на тоа, беше фактот дека говорникот се префрли од една линија на друга практично сред реченица, и тоа не само без пауза, туку и без менување на конструкцијата на реченицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова бара постојано менување на минатото, што е овозможено со системот на мислење кој во суштина опфаќа сѐ друго и кој во Новоговорот е познат како „двомисла“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кутриот, не ја разбира иронијата, си рече во себе, но сега за прв пат мораше да се огласи: - Другар Горски ве молиме вашите согледби да ги насочите кон живиот свет на Езерото, кон прашања битни за нивниот опстанок, доколку дојде до промени на составот на водата на Езерото, со градбата на хидроцентралите, со менување на текот на блиската река кон Езерото, вклучувајќи ги и јагулите, за што е предвидено да се преземат и посебни мерки.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Трагедијата на градителите на Беломорскиот канал во свеста на биологот Цветан Горски, додека го слушаше својот учител, значеше и трагедија за северната руска јагула, за милијардите жители на северните реки и езера, кои стануваа жртви на непредвидливото менување на нивните живеалишта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе