мерка (несв.)

Белките на нејзините гипсени очи слепо ме меркаа и јас се почувствував беден и непотребен на овој свет.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зад затворените пенџериња уште беа спуштени тешките, дебели пердиња, а во малиот двор, градинката и колјата, пред нивната куќа - ништо не се меркаше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По патот ништо не се меркаше. Сѐ беше мирно и некако пусто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го меркаше нешто највнимателно што можеше од темето до табаните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шишман, малку вознемирен, ја имаше кренато десната пола од шајканото палто и нешто меркаше под неа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Задоволство е да се меркаш бесцелно по овој пазар и да одиш од тезга до тезга, да слушаш од сите страни викање, довикување, влечење на муштерии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ја гледал, ја меркал откришум кога врвела низ селото, одел зад неа, одел отстрана, го гледал секој дел на нејзиното тело, ја вагал со очите како купувач кога купува добиче и се двоумел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Најпосле, морав да се соочам со очите. Ме меркаа исто онака подбивно како јас моите клиенти, со истата надмоќ.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Гледаше едно време внимателно низ просторијата, меркаше - премеркуваше, застануваше, ту во овој, ту во оној агол, и најпосле воодушевено извика?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Керадер тоа го зборува како вистина по ѓаволите сакам да речам тој ја уважува таа свиња - дури беше еден од главните педери заборавив како ги викаат таму преку со оние Италијаните после големата војна замисли ги само тие дибеци кога го здогледале како го мота тоа црево долго пет стапки еден ден - само сакал да го извади проклетиот боздоган вели Керадер - па тие помислиле мора да е педерски бог-на-боговите или такво нешто и сакаа да го вработат или како тоа се вика добога е па Морт сфатил дека тоа не е толку бедна работа знаеш подобро отколку со него да вадиш нафта по Арабија или да затнуваш дупки по холандските насипи како што досега правеше таа свиња останува таму некое време и тие момичиња таму во тоа италијанско место го мачкаат со ежова маст и маслиново масло и сите заедно работат како весталки девици го соблекуваат таму на полињата и ги прскаат нивите и го истакнуваат Морт вели дека тој вели тогаш најмногу се приближил до онаа вистинската работа жими сѐ! да умреш од смеење! и тие му носат сѐ некакви остарени тетки и пензионери тој ги распорува како со некаква зачудувачка еутаназија за стари госпоѓи и ги благословува сите нивни ебани раѓања гмечејќи го својот член дури по малку и копајќи од страна на бунарот но ќе се распичка со римокатолиците затоа што не е обрежан па тие сакаат да го млатат но Морт вели не и тие не можат да му пријдат кога го има тој огромен овен па со него изведуваат чудо и му го збрчкуваат стариот стојко со света водичка и му го загреваат семето па тоа ги спржува полињата а еден ден дури запалува некој проклет вулкан и тој мој боже! не губи време стварта да ја префрли преку рамо и оттаму фаќа магла жими сѐ! но сега ко што велам таа ситна лирика е покојна и отпеала и тој се вози горе-долу со лифтот како и сите ние еве сега влегува во тој проклет кафез покрај нас куп гадови што се заебаваме со онаа малечката што управува со тој смртно опасен лифт некако чешајќи го својот набрекнат задник кобојаги случајно и мил боже како само се унервозува и пренемага белки пола од нас се брани пола привлекува играјќи се со тоа зуење на рачкат и летејќи угоре низ тоа зградиште и баш тогаш стариот Керадер жими сѐ тој понекогаш стварно изненадува таа шизната свиња ја мерка нејзината пурпурна сукњичка и што велиш! малечката воопшто не носи гаќички! нешто преубаво батка сакам да кажам слатка праска распукана пред туѓ овоштарник и кутриот стар Морт тој кобојаги малку се клешти малку навредува и за момент ние другите не гледаме во што е работата околу што целата узбуна меѓутоа тогаш таа неверојатна работа одеднаш испаѓа и се ниша токму под неговата брада како ебено божјо око жими мајка а тогаш ете тој голем откачен боздоган и мој батка се грчи тој и кине како проклетата секвоја кога паѓа богаму и го погодува стариот Керадер трас! и тој паѓа право на подот! неговиот најдобар пријател и таа мала бедна момичка таа фрла поглед кон тој невозможен член што кружи наоколу и удира по ѕидовите па таа сосема паѓа во несвест и жими мајка се струполува право врз онаа рачка на лифтот и за секунда батка помислив сите отидовме по ѓаволите 15
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ама гледам таму во тој автобусот еден од тие агентите мерка нешто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Страчката и мачката се меркаа така уште некое време и, сигурно затоа што на страчката играта ѝ стана здодевна, летна во гранките губејќи му се од погледот на авторот, а мачката разочарано постоја така на гранката и полека се повлече во круната на дрвото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не знам што мерка ама кога видов јас така, му го дадов тој стрептомицинот на шоферот. Го познавав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го ѕиркав, го меркав внимателно и упорно нарисаниот, ги врзав зениците врз неговата лика и, за прв пат, забележав дека таа лика не е светител, дека нема знак и белег како останатите светци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Рече: „Сум те гледал многупати кога доаѓав во манастирот, Петре. Те меркав и те запаметив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сандри слушна за ѕидиштата што го заштитувале градот на Марин Крусиќ од сите страни, ѕидишта и кули; за непријателите, особено за Млетките кои алчно го меркале богатството на оваа република; слушна за кнезот и за слободата што секој дубровчанец ја чува како нешто најскапоцено, за поетите и писателите што ја величаат и што ѝ ги посветуваат своите творби на чист словенски говор, исмевајќи ги оние што лесно ја продаваат... за водоводот, изграден пред стотина години; за болниците-лазарети; за првата аптека отворена уште пред скоро двеста години...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На таков порч седеше и Вајат Ерп, меркајќи ја дарлинг Клементајн, која се симнуваше од дилижансата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се втурнав насилно во внатрешноста на нерегистрираната продавница, меркајќи ја непријателски оставата зад скалите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Смешно истранет ја меркаше одѕади, го шеташе погледот по нејзината долна половина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе