месечина ж.

месечина (ж.)

Беше вечер, јасен вечер у Прилепа града, по безоблачно ми небо месечина плава, окол неја там безбројни, ситни ѕвезди сјајат, а и ветер тихиј, хладниј лист на дрвја нишат.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
ФРОСА: Ама, вистина, што ќе беше бре, луѓе? Јас се разбудив околу полноќ и излегов надвор да видам кое време е, што ќе видиш: она небо ведро, месечина грее како ден, милина да ти е.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пеш по светот поема Песна прва Греј, о мила месечино, сјајно, греј и огреј ми страден род, во мачна душа шепни му тајно за дните нови под златен свод.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
По светлото небо пловеше месечината, наѕираше во колибата со своето насмеано лице и како да им се потсмеваше на двајцата заспани другари.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Зад нив седеа двајца, едниот сув и жолт светец од икона, другиот полна месечина со голо испотено теме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дали секогаш пред засолзените очи месечината изгледа како растопено сребро во ноќта?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Правилно тркалестото лице на месечината полека раснеше зад покривите; со своите дамки таа ми личеше на безгрижен човек со избричена глава, каков што гледаше од фирмата на продавницата со лотарија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Илко се загледа во Доста, па во месечината, пак во Доста, пак во месечината и почувствува дека навистина му се смее и го гледа, ама место да се уплаши или засрами, тој го собра лактот на раката на која лежеше Достината глава и оваа се најде под неговата гуша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— А, мори златна? Ќе а гушкам шо ќе ми правиш? — и се обрецна тој на месечината и му се стори оти таа ја растегна повеќе, и онака растегнатата, крива уста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пустиот му пат тежок, лош, преку орман, ваму времето намрштено, како есено време, месечинка ич, а дедот и помалку слеп, одвај излезе до Трибор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа следуваа: збирките раскази „Мени на мојата месечина“, „Патот до осамата“, „Крстопат кон осамата“ и сега е во печат следната негова зборка раскази „Во осамата, со слободата“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Моите раце не се мои раце (моите раце со прсти но месечина).
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Можеби за болот друго срце треба и тагата да е лач на месечината, можеби јас нема да се најдам себе, можеби ... Но слеј се, слеј се со тишината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Влажен клик на усните и остро провирање на плодот од едно постоење ново Гранките се пореваат скршени во своите сенки округли раце од месечина и рамена од облаци.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тоа беше волшебничка кугла, таа чаша што раѓа во себе разденување и примрак па после како сунѓер ја впива ноќта и ја дави месечината в катран. Тоа беше огледало.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога не успеа, ја дигна главата кон скоро излезената месечина и болно почна да завива, како да му се поплакува на својата судбина на тој студен, далечен лик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во оваа ноќ низ згрчените прсти на гранките нема да се слеваат лепливи шурки на месечината.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Август не е мртовечки блед. А ако изгледа таков, тоа е од полната месечина, од бледиот благ рефлектор на ноќта. - Публиката се проѕева кога ќе те види.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Прв стаса капетанот. напуштен од војниците и стиснат в оклоп на нејасна тага, влезе во колибата заедно со априлската месечина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зашто: ни месечина, ни куќа, ни жив човек. Само оддалеку волци вијат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе