местоположба ж.

местоположба (ж.)

По нивниот сјај, местоположба, големина и движење, дознаваше и претскажуваше: идење на болести, чари, скапии, невремиња, глад, војни.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во книгата во која го опишува ова свое патување, Ламартин зборува и за Пловдив:„Тешко е да се претстави поубава местоположба“ на еден град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тешко да има на светот град со слична живописна местоположба“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тополчани си има убава местоположба, блиску е и до железничката линија и до џадето, и сосема, сосема е пристапно и пеша и со запрежни и со моторни возила.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отстранете ја кралицата од нејзината местоположба и веднаш, хормонската нерамнотежа, предизвикана од нејзиното отсуство, ќе резултира со промена во хранењето на ларвите што се развиваат во кралици. (1987, стр. 186).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како и сите вистински класици, без оглед на своите најдлабоки познавања тој не е интелектуален, туку формален; неговиот поглед на свет е секундарен во однос кон геометријата на фигурите и кон нивната местоположба.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дење тука минуваа многу коли со придушен татнеж, погонската станица беше отворена и се рашири како голем инсект, освојувајќи го просторот и местоположбата како некаков кралски скарабеј.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Телеприсуството им овозможува на хирурзите да изведуваат специјалистички операции на оддалечени местоположби каде што ниеден специјалист не е телесно присутен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако себе си се признаеме како функција од сите други луѓе а сите други како функции од нас тогаш „одговорноста“ ќе мора да ја заземе местоположбата што сега ја зазема „индивидуалната слобода“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Нека тоа го доведеме до крајност: ако себе си се признаеме како функција од сите други луѓе а сите други како функции од нас тогаш „одговорноста“ ќе мора да ја заземе местоположбата што сега ја зазема „индивидуалната слобода“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Прв пат доаѓаат во овој крај и се одушевени од сѐ што им е понудено, од сместувањето, од храната, и од местоположбата на детскиот центар.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Како да присуствувам на час по географија на кој професорот изведува чудесни нагледни експерименти во кои цели континенти ја менуваат својата местоположба, а јас како повластен претставник на некоја непозната организација ја имам таа чест да го надгледувам извршувањето на овие големи преселби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој веројатно само утврдуваше каде се наоѓа; или ја проверуваше точноста на оценката што ја дал пред малку за мојата местоположба?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ се одвиваше неконтролирано и со секој миг местоположбата на мажот и жената во колата се менуваше а и коларот мавташе со рацете бидејќи изгледа ја испушти уздата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тоа што, како чистокрвен бел ангорски мачор, слухот не му беше совршен, така што понекогаш, кога ќе го викнеа, во зависност од ветрот, наместо да гледа во оној што вика, ја вртеше главата настрана, конечно неговиот изострен осет за мирис му помагаше за местоположбата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На врвот на мојот сон беше местоположбата на продавницата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Меѓутоа има многу идилична местоположба во центарот на градот и гледа директно преку главната улица кон течението на Крива Река.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)