метериз (м.)
Во ова време на другата страна на мостот, високо над карпите, во тесното магарешко патче беа веќе наместени на своите метерзи две-три стотини вооружени Мариовци, меѓу кои и Анѓа со Стојана зад еден голем камен најгоре на пусијата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Одеднаш чуката оживе. Колку внимателно да ги фаќаа четниците метеризите, аскерот ги забележи, а командантите со биноклите можеа да ги видат како се сместуваат зад големите карпи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Значи, ќе не чекаат оние пезевенци на чукана, — рече пашата и се насмевна, потценувајќи ја смелоста на востаниците.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Народот ја бара борбата, ние само да го поведеме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)