механичар м.

механичар (м.)

Ова дуалистичко гледиште поттикна значајни биомедицински достигнувања со кои лекарите ги лекуваат болестите со прецизност на добар механичар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Германскиот военостопански офицер во Софија, во својот извештај од 30 април 1943 година истакнува: „Кај Прилеп од страна на бугарската полиција се фатени три лица, очигледно фрлени од англиски авиони, и тоа поранешниот директор на Алатини-Мајнс господин Морган во униформа на англиски мајор, еден југословенски офицер во униформа на поручник и еден англиски механичар (десетар).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Мирно си проговорија и се договорија Најдо да оди кај Ратка механичарот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
До ваква идеја сигурно не дошол ниеден друг механичар во целата држава Онтарио.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Да не веруваш какво дете! Како да е родено во механичарска работилница“ раскажуваше механичарот Ратко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)