меѓник м.

меѓник (м.)

136. Уште во својата прва научна работа „За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров” (1897) Мисирков го сврте погледот кон моравскиот дијалект на српскиот јазик и воопшто кон етнографијата на Шоплукот како меѓник помеѓу трите етноса – српскиот, бугарскиот и македонскиот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
91. Иако имаше силни манифестации на македонската национална свест уште од половината на минатиот век, сепак 1890 год. претставува значаен меѓник во македонскиот национален развиток, бидејќи тогаш најизразито се почувствува активноста на туѓите националистички пропаганди и настана нагло и моќно раслојување на поранешната единствена народна маса што предизвика и најсилни бранувања сред македонската интелигенција за отпор против туѓинците и за народно единство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Споменатата наративна поетика, колку што дава можности за опфат на големи простори и длабочини, доколку изобилува со меѓници кои те ограничуваат да одиш понатаму во опфатот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И судбината е меѓник како и времето Иако судбината не е зафатена со броење минути.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)