милениум м.

милениум (м.)

Сојузот помеѓу едно домашно животно кој трае веќе миленуми и на човекот природно му се наложува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И овие кутри кози, кои надживеале милениуми, за првпат ќе бидат жртви на чиста идеолошка апстракција, жртви на „козицид”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во постмодерниов момент, можеме да ги видиме сите истовремено - аскетизмот на триесеттите, геноцидот на четириесеттите, рамните потпетици на седумдесеттите, - вртоглаво се движиме низ милениумот, како да тонеме и при тоа го гледаме сето наше минато.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одредени насоки на развој ја илустрираат промената кон електронскиот милениум.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Можно е таа да се побрка со историјата која ги поврзува техниката и логоцентричната метафизика веќе три милениума.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во следните петстотини години ги има вкупно триесет, а во наредниот милениум уште шеесет.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Поминаа уште два милениума додека Вавилон да израсне до милион жители, а наредниот милениум заврши пред Рим да го надмине тој број.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како приближна епоха на создавање на грчкиот алфабет треба да се земе почетокот на првиот милениум п.н.е., кога знаците на старосемитскиот систем на писмо ја добиваат онаа графичка форма што е карактеристична за цртежите на знаците на архаичното грчко писмо. Маргина 37 89
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сѐ повеќе се разгледуваат бројните можни насоки во коишто тој истиот „свет во којшто живееме” се движи на крајот на вториот милениум.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Градот со долга историја во текот на еден милениум беше средиште на албанскиот идентитет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Исламот ги толерираше христијаните и евреите, кога беа прогонувани од шпанските католици, и тие беа прифаќани не само во Андалузија, туку и во Отоманската Империја во текот на половина милениум и повеќе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Значењето на изработката на формалните работни модели не е во модерноста на изумот бидејќи веќе од третиот милениум пред новата ера постојат глинени таблици врз кои се впишани знаци што ги препознаваме како модели за канализациски работи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Морав да сведочам по секоја цена, да го допрам сопственото дно, минувањето низ синдромот на албанското самоуништување низ елиминирањето на троверјето како обележје низ милениумите на заедничкото истрајување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сѐ би се одвивало добро во овие идилични рамки ако езерото, откако поминало толку милениуми без пречки, не се најдеше изложено на бурите на историјата на XX век.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко патуваше во лавиринтот на оваа единствена балканска лабораторија, во која се спасуваше сеќавањето на еден цел милениум живот на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имав и јас еден удар, од тие многубројни шлаканици на македонската скудност: Две илјади и првата, ах, каков лош почеток на новиот милениум.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во третиот милениум се прекинува неолитската еволуција и во почетокот на вториот милениум се преминува во метална- бронзена епоха.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Најстарите траги на живот во Македонија датираат уште пред 40 милениуми односно од периодот на палеолитот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За разлика од бомбата наменета за гимназијалците, во меѓуетничкиот конфликт на почетокот од милениумот, оваа бомба не остави последици од типот на починат просјак (кој скапо го плати пребарувањето по училишниот контејнер) и осакатена продавачка (која малку поевтино ја плати близината на пренхранбената продавница до училиштето).
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За шест минути ќе настапи полноќ. ќе дојде нова бројна вредност на листата освоени години, па векови, па милениуми.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе