милиметар м.

милиметар (м.)

Можеа само да ми ја земат сликата и да ми ја остават со ископани очи, искината или издупчена со седум кома шеесте и пет или девет милиметри, да наведнат глава и да се изгубат од улицата во црна кола со скриен митралез. Ништо друго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И најголемите трупци питомо се наместуваа во своите лежишта, во милиметар токму онде, каде што беше неговата желба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои од децата го мереа со педи, до милиметар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Можеа само да ми ја земат сликата и да ми ја остават со ископани очи, искината или издупчена со седум кома шеесет и пет или девет милиметри, да наведнат глава и да се изгубат од улицата во црна кола со скриен митралез. Ништо друго.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа пред сѐ е првиот Ворхолов филм кој во целост е сниман со подвижна камера (ако ги изоставиме ретките зумови и движења во Vinyl и Space); парадоксално, Ворхол којшто упорно ги одбивал предлозите на своите соработници фиксираната камера да ја помести макар за милиметар, тоа обилно го правел во Nedy, кадешто самиот ја врши функцијата снимател.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, ни зголемувањето на богатството, ни профинувањето на однесувањето, ни реформите и револуциите, не ја доближија ни за милиметар поблиску еднаквоста меѓу луѓето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон не се осмели да ја заврти главата ни за милиметар, но нејзиното помодрено лице повремено се појавуваше на крајот од неговото видно поле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ти си рекол страната што оди наваму, на исток, неколку милиметри да е пониско кладена и водата првин да трга наваму и дури кога ќе се пренаполни ваму, дури сетне да тргне натаму“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во полумрачната соба, сега осветлена само од кружното тркало на ламбата, внимателно ја пипаше, милиметар по милиметар, знаејќи дека никогаш веќе не ќе му се даде да го прави тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но затоа пак, одлично ја пресметуваше плоштината. Секој милиметар квадратен.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)