минлив прид.
минливост ж.

минлив (прид.)

Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Уште повеќе, Бароуз тврди дека психоделичното доживување не е минливо искуство на измената состојба на свеста и дека бројни доживувања можат да се повикаат во сеќавањето многу подоцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На постаментот од споменикот епитаф: Овде почива правот на онаа што слава и сребро Среде светот минлив во животот овој не бараше... тоа, се разбира, е лажга.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Генетската мудрост сугерира дека социјалните структури, долго градени, нема да бидат отфрлени заради неважни причини и минливи цели. Екстазата на мутацијата е балансирана со болката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оти не е исто кога паѓа високиот и кога паѓа нискиот; оној од врв на светот што паѓа може да сконча, а оној од ниско што паѓа може само болка мала и минлива да сети.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ами Ти, сѐ уште си невина рожба човекова создадена за да бидеш вечен и да паметиш бидејќи тој е минлив; ти сѐ уште си невино детенце кое не ги распознава дури ни буквите, не знае ништо за зборовите, не чита песни - Ти, едноставно си - Бог!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Преодот секогаш е привремен, минлив, обичен пат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Си мислеше колку малку научил во досегашниот живот. Ги разбираше само минливите работи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие беа некаков штит меѓу куќата со книги и минливите режими.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Често дипломатското време си го претставував во споредба со минливиот живот, миговите на расцутената минливост, како една стуткана телеграма, која наместо да се фрли во кош ќе заврши во некој дипломатски архив, која можеби никој и никогаш нема да ја прочита.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крајот на неговиот говор е пречекан со огромни овации. Но овој триумф беше минлив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едновремено почувствува жестока и огромна загуба, неповратна среќа која беше негова. Среќа што беше кратка и минлива.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Иако првично докторите најавуваат дека повредата е со минлив карактер, сепак, после повеќе од година дена испитувања – се утврдува дека повреди- те на окото се трајни и со мошне сериозен карактер.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)