миризба ж.

миризба (ж.)

Носеше лонец од кој се креваше врела миризба на млеко.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Уште кога ја омириса миризбата на тос, со која секогаш скапоцените ткаенини беа во тоа време прскани да не ги напаѓаат молци и други инсекти (таа миризба по селата ја сметаа за турска) Анѓа навистина почувствува одвратност до блуење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Насекаде светлини, миризби, игри. Топол и празничен кејот се преливаше, се усмеваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Што бараше тој овде? Крила за своите миризби или меч што ќе ги одреже тие крила? Ни едното, ни другото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сеќаваше како пријатно го галат меките тревки, како му ја нудат својата миризба шареноглавите цветчиња и како го гледат и му се радуваат многубројните бубалки.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тревките, цвеќињата и бубачките тивко дишеа а од нивниот здив воздухот се полнеше со прекрасни миризби.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го корнат паркот... Унапот шири медна миризба. Силна. Продорна... Расцветани дрвја. Цвеќиња. Миризби... Пролет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во топлите летни вечери, кога низ отворениот прозорец навлегуваа стотина миризби на тивката летна ноќ, тој лежеше на своето креветче и гледаше во ѕвездите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ФЕЗЛИЕВ: По миризмата? Нема тој, драги мој Луков, баш никаков усет за каква и да било миризма.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Се воздржува, ги прави последните обиди да изгледа спокоен.) Туку што не дошол. Ќе сети по миризмата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога тој навистина би имал усет за миризма, би си го затнал носот и би избегал на крај свет, зашто сево ова што се шири околу нас, сосем не е...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сувата миризба на правлива волна му ги суши и стега градите и му се сака да избега надвор на отворено каде што има воздух и ширина за погледот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеш ли да направиш чардак, да викнеш чалгаџии и да се опијаниш само од миризбата на цветовите? Секој цвет си има своја миризба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се ширеше тешка миризба на одамна изгниени трупови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега му мирисаше во лицето вриејќи, се чувствуваше спокоен од таа негова топла миризба, го имаше безмалу мекото чувство на допирот, кога ќе се дофатат за да бидат скинати неколкуте стракови од таа белузлава и мовлива благородна билка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу можеше да ја сети дури и нивната погана, отровна миризба на една дива глад и излинеаност, на некоја чудна жилавост и изгубеност во таа бела пустош.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои од нив и тука продолжуваа да си ја извиваат својата клетва, застанати на првата височинка, исправени кон ѕвездите, исто како оној под него што беше впиен со муцката во неговото лице, кон неговата миризба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ручекот се вари на шпоретот и ја исполнува собата со миризба што предизвикува силен апетит.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во ходникот, како и секојпат од левата врата допира миризба на пржени јајца.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Низ воденицата се рашири пријатна миризба.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК