младеж м.

младеж (м.)

Бугарската младеж овде ги употребува сите свои сили и средства да се покаже напредничава, т.е. социјалистичка: долги и бесмислени говори, долги коси и убаво исчешлана брада, црвена или сина руска кошула и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но студиите не му врвеле најдобро; се здружил со тамошни бунтовни младежи и со нашинци работници печалбари, па, наместо да студира, се оддал на политика.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во пролетта во 1914-та, српските окупациони власти во Македонија сета македонска младеж, од седумнајсетгодишна возраст нагоре, почнаа даја мобилизираат за да се бори на нивна страна против Австроунгарците, а после, во првата Голема војна, и против Бугарите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, кога ги протераа од Потковицата и од сиот овој дел на Македонија фашистите и кога стапија на власт комунистите, младежта, подгрејувана од нив, од комунистите, ја зафати едно неверување во бога, во црква, во самовили и во сѐ во што, научени од дедо и предедо, нивните татковци веруваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Буквалниот, иако донекаде смешен превод, би изгледал вака: Капење во простачки чај против младежи без премногу БЕНГУЕ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На кои гробишта талкаш, красителу на мртвите, на кој споменик, врз кој гроб го дотеруваш мермерот и врз него името му го врежуваш со длетото и чеканот, со која тажна младеж разговараш преку студена земја, чија мајка тешиш?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И така, едни разбеснети Турци, младеж - јас тоа не го одобрувам, ама се сторило - тие разбеснети Турци првин го ставиле на бесилка, а после го фрлиле во распален огин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На старците што покрај Боцета се збираа во берберницата тој им беше најблизок меѓу младежта што се вртка тука, ги имаше тој нив како за другари, на кои не им е крив дека ги нашла несреќата да побелат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И навистина, ние што одевме по него повеќе личевме на распердушена гускина тајфа, која тукушто се кубала со некое друго јато, отколку на спретната, секогаш спремна, скаутска младеж.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го влече едно чувство на родител да го стори тоа, да ја посоветува дека не е злато сѐ што свети, да ѝ каже да се пази од оваа разуздена младеж, - тој треба да ѝ каже, зашто сегашниве родители се толку лекомислени и толку незагрижени за челадта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беше навистина еден на еден. Мал, мал ама техничар, Давид го плесна со каменот од прачката Голијата средчело, сѐ се заврши мигум, Давид мигум фрли поглед кон скришната ѕвезда на небото и додека сите вџашени се прашуваа до прачката ли е, до каменот ли е, до раката ли е, мрзоволно киниса накај дома, како што денешнава младеж пред полноќ мрзоволно се качува на последниот автобус за приградската населба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)