мозочен прид.

мозочен (прид.)

Сега оддалеку гледам како врват низ улицата сребрена, дишејќи го воздухот на бесмртноста, без да ме примат во нивната дружба, на нивните идновековни патувања низ безбројните златни улици, покрај милионскорачните мозочни аудиториуми, во милиони разнобојни глави на планетава.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Најпосле, Тоа мора да зборува, затоа му треба барем неговата вилица и вокалниот тракт, Тоа мора и да слуша, затоа му треба неговиот перцептивен кортекс и ушната школка, му треба и неговото внимание, затоа најверојатно ќе преземе и дел од неговата мозочна кора.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Човек со оштетување на еден страничен мозочен резен може да го изгуби целиот осет за спротивната страна на телото, и тоа не само во смисла да не реагира на болните стимули туку и целосно да ја игнорира таа половина од телото, заборавајќи дури и да го облече.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
(212) Така функционира досадата, како болно опсесивен паразит на телефонската мозочна линија која нѐ поврзува со животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И секогаш тие инсекти, неповикани, наездливи – комарник се вика мојата кора мозочна.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Но, ние сме свесни за важноста на нашите индивидуални мозочни ресурси.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Компјутерски кодираниот мозочен центар за уживање, врз основа на компатибилноста на електромагнетното и електрохемиското, ќе биде исполнет со технолошко генерираните сексуални сензации што ќе ги надоместат реалните.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се појавуваат идеи дека еден ден веќе нема да бидат потребни технички средства за пренос, туку и мислите и идеите ќе се одвиваат низ чиста размена по пат на мозочни бранови што ќе пулсираат низ целиот свет, секој пронаоѓајќи ја својата цел во тој „организиран хаос”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Можеби сум згрешил во спелувањето на вистинската мозочна хемикалија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Филозофот Даниел Денет на пример, убедливо тврди дека постулирањето на мозочни центри всушност значи едноставно поместување на сите оригинални прашања во врска со однесувањето на животните во еден “анималкулус” во внатрешноста на главата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Преку складирање на човековиот вредносен систем како структура од податоци он лине и негово придвижување со помош на саканите програми, човековиот невронски апарат може да функционира во “силикон” во основа како што и функционира во мозочните бранови, но побрзо, попредвидливо понепостојано, и по желба, бесмртно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Идните глобални бизниси ќе заземат две насоки: Кибернетика (управување со левата мозочна хемисфера).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во електронската меморија неколку преувеличени мозочни функции се проектираат од човечкиот череп врз неживи објекти со чија помош тие функции можат да бидат набљудувани и манипулирани.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кракатау: Добравечер, Маусдонци. Еве ги пак вашите Каљостро и Кракатау кои веќе ви стануваат познати како тие излитени тапети на вашите мозочни дувла, одвнатре познати, сакам да кажам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сите клетки, па ни мозочните, не добиваат замена – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Оние мини сигнали кои по невидливите мозочни бранови луѓето секојдневно несвесно си ги упатуваат едни кон други, се послаби по интензитет од оние кои се праќаат со длабока концентрација на умот, медитацијата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„По мозочниот удар, брат ми лежеше неподвижен цел месец пред да умре,“ рече Јохана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За да не останам ментално хендикепиран секојдневно ги оптеретував моите мозочни ганглии како да возвратам на ударот и на сериозните напади врз мојата сива маса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе