монахиња ж.

монахиња (ж.)

Ја кажуваа оваа приказна без солзи, без гнев, со рамнодушност каква што само уште има кај монахињи и монаси по манастирите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Уште е млада, но бледнилото на нејзиното лице одава нешто вдовичко, тоа е она бледнило на католички монахињи, милосрдни сестри.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Подоцна се дознало дека сенката што набрзина, скришум, крај високата авлија го минувала патот од џипот до портата на ателјето, била монахиња која смртно била заљубена во сликарот.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Госпоѓа Мариела знаеше дека упорноста не може да има ефект кај полицајката, дека токму упорноста кај неа го зголемува степенот на недоверливост, па затоа се обиде да ѝ ја предочи занимливата страна на приказната: дека монахињата делувала особено инспиративно за сликарот и дека резултатот бил видлив во креативната содржина на сликите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Но, тоа не е сѐ, драга моја Ема,“ рече госпоѓа Мариела, станувајќи од фотелјата и, по два чекора направени кон прозорецот, одеднаш се сврте кон девојката и низ шепот и додаде: „Сликарот Драган Соколовски спиел со монахињата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Петка Римјанка остана со скршено срце од болка. имотот си го подели на сиромашни, гладни и голи... отиде во манастир да слугува отиде како монахиња...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)