монголски прид.

монголски (прид.)

Но Византија најмногу настрада од народот Бугари, од монголско племе, што опустошуваше сѐ што ќе му допадне во Византија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарската држава беше повеќе со словенско население, но со името на нејзините образувачи, т.е. монголските Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Непознатиот со татарски или монголски или черкески очи, ноздри, усни, гологлав и испотен, застанал и ги подвиткал топчестите раменици, го испуштил анџарот од левата рака и подавајќи ги двата прста на десната, показалецот и палецот, ги преплашил најблиските како да е невидено животно со црни или отровни рогови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најпознатиот мегу нив Самјуел Тејлор Колриџ, се претпоставува дека својата позната поема Кублај Кан ја напишал после будење од опиумски сон, во кој јасно го видел легендарниот град Ксанаду (Xanadu), кој бил соѕидан од славниот монголски кан и кинески цар.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се сеќавам на тебе со коса собрана под сивата беретка, се сеќавам на рефлексијата на твоите високи монголски јагодици во излозите на древните дуќанчиња.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
техника на монголски орди - кога ќе дадат на голем број неискусни програмери задача, што полесно би ја решиле неколкумина искусни
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кирилицата се приви и заживеа, веќе и затоа што старото монголско писмо е мошне сложено за читање и пишување, настанато непосредно од графички пренос на јазли врзани на јаже, кои се користеа како еден вид на мномотехничко средство за пренос на информацијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Социјализмот беше пресуден за прифаќање на кирилицата во Монголија, со вметнати неколку знаци за типично монголските фонеми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Немаше текст и претставуваше само една монструозно голема фигура на евразиски војник, три или четири метри висок, кој маршираше со безизразно монголско лице и со огромни чизми, со автоматска пушка вперена напред од висината на колкот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нивните тажни, монголски лица зјапаа од страните на камионите, сосем незаинтересирано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тркалезните монголски лица им отстапија место на лица од поевропски тип, извалкани, брадосани и испиени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Монголските коњаници ќе ги донесат буреците и баклавите на бреговите на Босфор во султанските палати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И едниот и другиот збор стигнале до балканските и европските јазици благодарејќи на Монголската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)