морфиум м.

морфиум (м.)

И така од објективното гледиште сѐ се поништува. Но хероинот прави сѐ што прави и морфиумот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Стимулацијата е многу поголема отколку кај морфиумот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Јас знам да му дадам морфиум.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
О, малку морфиум анестезија додека ти ја режат татковината на живо по којзнае кој пат овој пат дома - помрачениот ум реже заслепен од белината на светлината од себеси, Боже суетата е клопка осуети ја избегни го последниот чин на македонската мелодрама смени го жанрот направи нешто!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)