мрсен прид.

мрсен (прид.)

Не рачил е мрсниј Турчин кашти ни да газит, он не можеше да љубите 6'лгарски девојки, не е мог'л да ги турчит, в свој харем да држит, да не могат да излезат испод тежок затвор, да не видат свет ми божиј, ни па се'лнце јасно...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ајде да играме мрсен Петко, - им рече таа на децата и изненадено се сврте, го допре со рака Мартина и спрсна да бега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
БОРИС: Море кој е како вас. Го колете јагнето, рацете не ви се крвави, го јадете, не ви се мрсни.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не се заборава тоа. (На Соња.) Овој мрсниов носи си го дома.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А во меѓувреме силувај и анатемирај. И залиј го тоа обилно со мрсен хумор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Откако чорбата ја консумиравме, ни се понуди еден вид пржено брашно, нешто како тарана, а после тоа ни донесоа испржени мрсни парчиња говедско месо, колбаси и нешто друго.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не беа тоа провирни јадења, туку тешки и мрсни кои набргу се залојуваат и ти се лепат на устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам посни сарми во петок, мрсни во сабота.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Можете да слабеете колку што сакате, но мрсните клетки се секогаш тука, чекаат на својот миг за ревитализација. Trash-от е експанзивен, trash-от има упорна душа и пустински навики.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Немоќта да го изменам овој ужасен свет во кој живеам ме тера стократно повеќе да го сакам ближниот свој - како затвореник, како соучесник, додека заедно ждереме кременадли во некоја мрсна гостилница...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој беше огромен човек, со грива од мрсна сива коса, со обесено и збрчакно лице и со дебели црнечки бузи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Потокот што се влева во Маркова Река, веднаш под мостот во близината на селото Батинци, е зголемен со темна и видливо мрсна вода, чијшто мирис станува сѐ посилен доколку се оди кон неговиот горен тек поблиску до депонијата Дрисла.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Како можеме ние на оваа сиромаштија да имаме мрсно јадење за цела година“) Значи, тука беа запишани сите празници што за него имаат некакво значење, религиозно но очигледно и економско.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така е запишана целата рецепта за варење сапун од мрсни отпадоци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Оној што го разочара го паркира џипот и додека автоматската врата на гаражата полека се затвораше, од предното седиште ги извади хартиените ќеси полни со пластични шишиња со природен џус, конзерви со сос од домати, парчиња свежа риба завиткани во мрсна хартија, јајца, вакуумиран леб веќе исечен на парчиња, филтер-кафе, пена за бричење, зелена салата, крем за лице за мажи...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Повремено, кога ја средувам документацијата, ги гледам фотографиите од гробовите и прочитувам: „Лазе Костовски и Невена, заедно, 1949 и 1951, на крстот имало две мали елипсоидни слики, но со време испаднале, останале само дупчиња; Стефан Лазески, 194., последната бројка не е читлива; Младен Поцо, 1956; Ица Танеска, името напишано наново со мрсна боја; Боне Попчев, 1945, со елипсоидна слика под стакленце, на еден крај поткршено, сликан залегнат со шмајзер на Сремскиот фронт, каде што е убиен; Стевка Симонова, година нечитка, за спомен од нејзиниот син Тале“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сликата ти е недофатна божја, сатанска, бесмртна бела, охола ало, лакома суето, Киту твојата јасна росна јарост крвавиот рев вресот на твојата пена - грбна лавовска локна зборот може поверно да те опише од било која икона, лажен идол -развратен знак на китоловците- Милосрдна срж, срцевино, божилаку казни ги поганите: скриј ја вистината ‘рскавицо на покајанието послушај го умот на бога Магу, уживач на морски бездна - утробата на светот Цицалче големо лицето исцели си го од длабочини, Ламјо совршена прскава, мрсна, врела, отровна...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јадевме со сласт која надополнуваше нешто непрашано или некажано, така барем ми се чинеше, но таа претпоставка за мене стануваше сѐ понебитна пред комичната слика во која доминираа задебелените црвени мрсни усни на Крумета развлечени под мустаците како пренапната пластика низ која, постепено, неговиот длабок, затемнет глас се раздробуваше во рапав, метален кикот кој повремено се слеваше во три обични збора: „и така натаму”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги сакам кујните дури и оние, што би рекол Хандке, во кои неверната жена вари мрсна супа за својот љубовник, во која љубовникот на неверната жена ја срка супата како да му е последно нешто што ќе го исрка во животот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе