мртво прил.
мртов прид.

мртво (прил.)

Стариот материјализам со својот чисто емпирички метод никојпат не можеше да го види нивното единство, нивниот премин една во друга, па затоа неговото познавање на објективниот свет и на општеството беше ограничено, неполно, мртво.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
— Белки не ќе вресне? Белки е најстина мртво родено?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа Бошко Манев го исплаши уште повеќе, та почна да му се моли на Дика и да го колне во сѐ живо и мртво да му помогне некако, па нека сака што ќе сака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пуштената рака со бели прсти мртво падна на тврдата земја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ноќта е црна постава на денот што се превртува како маскарада Таа е темната утроба на гласот што низ сите ѕвезди везе молчење Најмногу ги сака постелите кревки сред шумниот мирис на боровите Интимна е тогаш и гола како страст што низ смеа мами вечна тишина Па ако тлее нешто живо во неа ќе пеам што мртво не е уште сѐ
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
На таа страна планините мртво лежат под облачното виме; удавени се во сиво млеко.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Она што е мртво не пее. А тие пеат. Мртви се, ми рече. Сенки се, ништо друго.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Иако, како и другите од тајфата, немаше ни еден добар збор за Аргира, сеќаваше дека нешто посилно од него го сврзува со тој секогаш наежен, стар човек, за кого што сите говореа: - Намќор, ни на живо се смее, ни на мртво плаче!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сето си беше и требаше да си остане такво, мртво, приклештено, колку и да болеше со својата неподвижност. Беше без длабочина, како на фотографија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Излегува Дуко Вендија и гледа - нема коњ. И, ах мајче мајчино, ах живо и мртво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ела мртво, пак колвај, ѝ вели на кокошката што се прпелка, и пак фрла пченка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имаше тепање, улогата му даваше шанса пред сите на мртво да го претепа ранетиот партизан, Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тие денови, додека траеше господството на вошките во домот, сѐ, сѐ беше мртво.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ во домот како да беше мртво.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Живот? Било живо, мртво се изгубило.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Стотици мртви и еден коњ, премногу за тоа запурно лето без гуштери на излишавените карпи, сите до една слични на згрчени чудовишта, еднаш, кога и да било, ќе се тргнат од летаргија и ќе појдат да се хранат со човечки коски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пијанство на мртво! Полегнаа луѓето на подот, сите се капнати од долгото кланцање во возот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На тој смрзнат Бадник, таинствено завиткан во жолта гуња и ретки крпи магла, сликата минуваше пред човекот мртво се огледуваше во неговите очи: тој беше слеп за сѐ околу себе и газеше како смрт, не можеше да се сети како стана сето тоа?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сето минато ми оживува, а сето е мртво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе