набави св.

набави (св.)

Набавив една карта на градот и се упатив кон мојата цел.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Така, успеа да го набави рачниот несесер од коска со прибор за шминка, кој му припаѓал на Рудолф Валентино.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Но кога Дамческите предложија да се обноват лозјата, со специјални сорти лози, што тие сами ќе ги набавеле и ќе ги донесле дури од Мелничко, речиси се побунија против нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се набавуваше, по тајни канали, странска литература, се консултираа библиотеки, се пластеа познатите примери за опасностите од козите, но намерно се забораваа книгите за позитивните својства на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Другиот проблем се однесува на младите, кои несомнено би можеле да набават дрога исто како што можат да набават цигари и алкохол.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ме засмејуваше секој вид хумор поврзан со марихуаната, иако во тоа време разговорите за таа корисна супстанција беа во обратна пропорција со можноста истата да се набави.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Казнувањето на наркоманите претставува лоша политика поради најмалку пет причини: Казните за уживање дрога неправедно ја ограничуваат слободата на полнолетните лица да користат супстанци кои не се ништо поопасни од некои други кои легално можат да се набават и ги затвораат луѓето поради постапки кои, за разлика од поголемиот дел на кривични дела, не нанесуваат директна штета на другите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Креветот и комодата укажуваат дека се работи за спална соба и Duchamp ја набави таа цврста лимена спална соба откако со невнимание, 1914-1915, ја скрши нежната стаклена спална соба (свадбената ложница, да бидеме попрецизни).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лу ми раскажуваше како со недели тој и Џон јаделе само pop-corn, а пари набавувале главно од давање крв и позирајќи за таблоиди на кои им беа потребни фотографии за шокантните приказни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Набавувајќи прототипови на магнетофон и полароид, Ворхол беше неуморен во нивното користење.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Жената неочекувано се разболела, а ќерката со фијакер тргнала низ Париз да набави лек; возењето траело 4 часа, а кога се вратила, девојката прашала: „Како е мојата мајка?“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Набавивме разни документи и фотоси од делата на Бојс и од некои наши бивши концептуални обиди.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Тоа е кондом“, рече таа, солзите ѝ навираа на очи, “докторот ми го набави... ги прават во Шведска.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеме да одиме во Германија и таму да го набавиме или во Лондон, Но нешто нѐ спречува да донесеме одлука.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сепак, секоја недела пред нас како Дамоклов меч висеше проблемот, од каде да се набават пари за печатење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но беше потребна очајничка храброст за да се самоубиеш во еден свет во кој огненото оружје, или каков било брз и сигурен отров, не можеа никако да се набават.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вагонот со дрвени седишта во кој патуваше беше преполнет од едно единствено огромно семејство, составено од една беззаба прабаба до едно едномесечно бебе, кое патуваше за да го помине попладнето со сватовите на село и, како што му објаснија слободно на Винстон, да набави малку путер под рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беа бедни, неквалитетни предмети, но разните тенџериња за готвење тешко се набавуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ама немав куче. Не можев ни да набавам, затоа што немав балкон кој не ги нарушува правилата на приватна сопственост.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Повеќе