набрзо прил.

набрзо (прил.)

А, можеби, набрзо и мене, в радоста силна ќе ми подадете раце..." Го изрече ова...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
ИВАН: (Во првите мигови тој им се предава на тие бакнежи, дури се обидува и да се поигра со нив, но набрзо станува свесен дека со Неда нешто нечекано се случува и затоа ја зема нејзината глава во своите раце, се обидува да ѝ погледне во очите.) Ти плачеш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Набрзо ги распозна корпусите на бродовите на кои се држеа јарболите. Ги виде на палубата разрошканите глави на морнарите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Та набрзо потоа отиде во Преку, на печалба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Набрзо по отселувањето на мајсторите и Дамческите, од Потковицата си заминаа во Прилеп и Муслиоските, потомците на Кемал бег, син на `Рслан бег син на Мусли бег.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Втората од овие две помалку тажни љубовни истории, која единствена има несреќно среќен крај, но која врз себе носи два завојувачки печати, српски и бугарски, се случи набрзо по убиството на Ристана Голушкоска и на Видана Јанчески, во пролетта 1944 година, во време стрижење овци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само господарската живеалишна зграда, која не личеше на турска кула, извишена, туку повеќе прилегаше на разгранат манастирски конак, на приземје и кат, со визби, чардаци и многу соби, се урна набрзо по распуштањето на колективите, во средината на педесеттите години на веков.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Набрзо почна и пепел да му се качува и да го запретува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трчам најбрзо што можам да трчам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од бездна на кладенец шуртел чад и му ги затемнувал очите на изненаденото сонце што набрзо заприлегало како да ноќевало во стара баџа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одеше најбрзо што може. Како да ќе се распадне секој миг.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Куќата набрзо беше урната, мачката отруена, синот исфрлен од училиштето, жената во лудница, а филологот во затвор поради инцест.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеше да се очекува дека набрзо - што и се случи - на сцената ќе се појават купишта имитатори кои до бесмисленост ќе ја форсираат златната формула.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Набрзо наоѓа куфер, го празни од силната облека и почнува со најголема концентрација да ги брои и реди парите во него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Биографиите се наредени по абецеден ред во рамките на еден материјал кој полека се надоградува, а податоците непрекинато се акумилираат и создаваат еден дискурзивен, отворен и незавршен есеј за природата на СНН и, бидејќи набрзо станува очигледно дека податоците во голема мера се филмски, тие исто така даваат материјал и за есеј за природата на филмската уметност и филмските конвенции, за раскажувањето и за други нешта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, попот набрзо задрема, и по концептот Дежа Ву, следеше полуција, па каење. Сто години подоцна, истите гаќи ги носеше друг „свет“ човек...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Набрзо можеше да се види како мозокот тивко, беспомошно болува зад очите, а тогаш мозокот најверојатно и изумре, бидејќи очите речиси му испаднаа од главата и во нив го немаше повеќе оној препознатлив израз, туку израз како кај очите на краба на едниот крај од нејзиниот сплескан труп“. 22 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше убеден дека некој од нас ќе се соблече гол. Набрзо сето тоа ни досади па се спакувавме и отидовме дома. 224 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој се одушевувал од сите настраности на светот а неговиот „кабинет на чуда“ набрзо станал славен во Европа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кирхер набрзо ги заборавил античките машини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Повеќе