набрка св.

набрка (св.)

Досега нашиот народ се интересуваше повеќе само за полна политичка автономија, а во националните наши интереси допушташе башибозучки да му се набркуваат разни неканети гости, како: Бугари, Грци и Срби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега во Бугарија е мода да зборуваат дека најголеми непријатели на балканските Словени се: Русите и Австро-Унгарците, кои сакаат на почва на македонското прашање да се зафати и да се продолжи една борба меѓу Србите и Бугарите, која ќе ги ослаби силите и на едните и на другите до таква степен што ќе треба да се набркаат во балканските работи Русија и Австро-Унгарија и првата ќе ги завојува Бугарија и Стамбол, а втората Србија и Солун.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Детето му пречи, тој нема сила да се врати и да го набрка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во расправијата, зошто Максим не попуштил, велел Ако постапиме така егзархот може да нѐ изигра, некој, непретпазлив, му рекол Ти да не ја крепиш грчката страна, нешто што многу го налутило Максима па тој ги набркал гостите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тогаш, кога ја качиле бомбата на кола, Трајана ги набркала сите седуммина мажи, сина си Ѓорета намерно го испратила да оди двесте-триста чекори напред пред колата, божем за ако има камења да ги отстракнува и да ѝ кажува која има дупки, а сама, откако се прекрстила, ги повела воловите, и - нога за нога право прудолу.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Проклет да си, пушти ме. Ќе нѐ видат. Утре и мене ќе ме набркаат од селово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако ушите постојано ми беа стрежнати, не ја уловив причината што го набркала наваму.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пелагија дури откако му ја откри намерата на Димостена, а цврсто беше убедена во тоа, ја набрка и тежината од своето срце.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Услови за длабоко паѓање во сон, ама Пелагија, откако сама остана во одајката притисната до топлата снагичка на Пела, не можеше да го набрка непознатото кадро на Димостена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)