навивач м.
навивачки прид.

навивач (м.)

И стана ироничен: а јас сум само пламенен навивач во еден натпревар. Пасива на животот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Навивачите околу радиото бесно се свртеа. Змиулчето не одговори.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
ЃАВОЛОВ УЧЕНИК Споулавената група навивачи за миг ја извалка улицата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Зад него, на брегот, неколку навивачи, еден во капечки костим, друг во избледена маица без ракави и куси пантолони, третиот актер со минималната чивава, сите со запалени цигари; две фрлени уловени рипки, едната претка, но млитаво, околу другата, неподвижна, се одомаќиле оси.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој мој став го промовирав преку приказната за Кузман навивач, кој војната на комитите и турците ја набљудува од прозорецот на својата куќа, то ест од мирно место. Навива ту за едните, ту за другите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кузман навивач, то ест капидан, станува мит за биолошки опстанок на нацијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
После ненадејната смрт, Кузман од навивач се трансформира во капидан.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)