наводно прил.
наводен прид.

наводно (прил.)

Ме чуја никаквеците, го чуја мојот хуманитарен глас во прилог на слободата на изразувањето, но се правеа дека не ме чуја, дека јас наводно својот глас сум го кренал откако тие си ги навлекоа црните надгробни плочи. Тоа не е вистина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Некои ширеа гласови во Козар маало и во градот дека татко ми е уфрлен од власта во Козар маало, а останал во тајни врски со партијата, наводно за да ги следи релациите помеѓу козите и луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа авторот го отфрла објаснувањето на таа состојба на работите со истогласноста и со исто толкава решителност се брани од нејзино сведување на наводно низок степен на египетскиот духовен развој.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Па сепак, имаше само нејасна претстава за тоа кој бил Голдштајн и каква доктрина, наводно, застапувал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледаше како да поседуваат некој инстинкт кој ги предупредуваше неколку секунди порано дека наближува ракета, иако ракетите патуваа наводно побрзо од звукот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Особено една наизглед мала поединост ме вознемируваше, а тоа беше дека наводно, синот на правнукот на Нико Кочов, Петруш Кочов, во некаква нејасна околност, веројатно по некоја расправија (зашто нетрпението меѓу двете семејства траело до триесеттите години на дваесеттиот век, кога машките глави од семејството Кочови заминале за Америка), ја удрил жена му на мојот прадедо Славејко Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како што животописот на Никола Поцо пишуван со раката на извесен учител носи во себе само привид на објективност кој се открива дури кога Башевски ќе воведе и други, наводно историски документи кои го побиваат ракописот, така и другите субјективни раскажувачи во романот, раскажувачи на кои не може да им се верува докрај, се препознаваат и се проѕираат дури во судирот со другите нараторски гласови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Башевски, меѓутоа, оди и натаму, така што античкиот мит за наследениот грев го комбинира со иронизирањето на идејата која во текот на југословенските војни беше поттикната од политичкиот концепт според кој традицијата, историјата и потеклото, се клучните компоненти без кои, наводно, не е можно да се доврши личната, ниту националната индивидуација.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Орце, кога скоро бил во Кукуш, наводно, ги исмејувал луѓето на Организацијата, а некои други гемиџии се подбивале со владичката круна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тогаш, наводно, имал ихтиза од пари.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ги бранел наводно сиромашните семејства, пред окупаторските италијански власти, сочувствувајќи со нивната судбина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Трансилванија“ беше луксузен брод, кој пред војната бил наменет за лична употреба на кралот на Романија. Наводно донел 2-3 илјади луѓе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Наводно, климата каде што живееја не им беше поволна, па не можеле да се размножуваат, да работат и да си постојат како што беше случајот со нас, обичните луѓе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Антички Македонец е личност која гледа српска Фарма, слуша Шако Полумента, гледа бугарска Планета, излага у Б2, а навечер ужива у турските серии, пцуе по грчките педери, а редовно иде на одмор на краци и се облака у циганска Шутка со наследената комунистичката пензија од дедо му кој наводно гинел у Ноб.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Имено, со изговор дека наводно, заедно со останатите работници на смена, сакајќи да прибават противправна имотна корист од 5.250 МКД, при утовар на поголема количина сепариран влажен песок од декларираната, го оштетиле претпријатието2  – им е врачена одлука за престанок на работен однос поради кршење на дисциплината, донесена од страна на директорот, а без никаква внатрешна дисциплинска постапка и без никакво предупредување пред исклучување или, пак, било каков друг вид на опомена или санкција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Барањето содржи: – податоци за подносителот на барањето и правниот застапник, – податоци за предметот и постапката за која странката смета дека ја сторила повредата на правото за судење во разумен рок, – образложение на причините за наводно сторената повреда на правото за судење во разумен рок; – изјава за побарување на правичен надомест и –  потпис на подносителот на барањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неодамна весниците пишуваа за некој скулптор кој долги години работел во својата вила, во близината на Кичево, кај кој ноќе, наводно, доаѓала монахиња, исто така со џип, но подоцна се утврдило дека под дулбенот со ширитче по рабовите и долгата црна носија на божемната искушеничка се криел поп, хомосексуалец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Назаров наводно покажува разбирање, ја остава Марсиа, го наоѓа Пол и го убива.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Слика на култура. Наводно. Целиот свет се сврте за миг. Наопаку.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК