надалеку прил.

надалеку (прил.)

Можеби затоа што немаше свои, зашто тој уште момче беше кога излезе комита и дваесет и петгодишен стана војвода чија чета надалеку беше прочуена.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Жените од овој крај сѐ до Илинденското востание тука носеа сосем бели носии извезени со срма и злато, носии многу живописни и надалеку чуени по својата убавина, а мажите куси облеки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пред очите на Велета еве стоеше скршен од некаква неискажана мака силниот и надалеку прочуен мајстор Аргир.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Назлам-бег надалеку беше прочуен со своите нечовечки односи кон македонскиот народ и сиромаштијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој сметаше дека многу повеќе, се исплатува садењето компири, одгледувањето овошје, пред сѐ сливи, од кои во овој крај правеа надалеку позната ракија, што во секое време и секаде може да се продаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Земаме матерки што мирисаат надалеку и одиме по ливадите, покрај шумата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа потполошката пишти, дали пишти. Врти околу нив, надалеку, ама пак околу нив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
До Балканските војни, првата и втората, Сојузничката против Турците и Меѓусојузничката, кога Србија и Грција стапија во сојуз против Бугарија и до крајот на првата Голема војна, светската, на местово на денешниве ливади под шумата се простираа надалеку прочуени лозја. Но војските и филоксерата ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа, Јовановото враќање во Потковицата, надалеку го потврди верувањето во маѓосничката и претскажувачка моќ на Руса, но за него, за Јована, се проширија гласови дека во меѓувреме со померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сѐ ми е некако надалеку застанато, ко кој знае каде доведена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама и тие се некако надалеку застанати: влакно со влакно да не може да се досегне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само главите ни се одозгора, ама и тие ни се надалеку застанати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Со километри надалеку, јуреше со силно пеење и рикање — змејот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Градоначалникот е обврзан да има чист глас, што надалеку се слуша; тој треба да памети дека белите дробови на градоначалникот се создадени за издавање наредби.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овој, еден од најубавите народни обреди, дружината го играше на сцената одлично; сите беа искусни и се гледаше дека точно го знаат и го разбираат секој симболички детаљ; гатачот потем говореше: „Оддалеку идиме, надалеку одиме, на кораб се возиме, со стапој се крепиме, коработ се скина, на домаќинот газот му зина“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Татко ми, кој е познат ѕвездочатец и ширум Кашмир надалеку прочуен мудрец, уште од раѓање ме има научено дека времето не се мери со часови, со денови и со години.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Августовскиот воздух препекуваше; од тоа вжештено насилство немаше каде да се засолни - надалеку немаше никакво дрвце, а високите згради не фрлаа сенка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мал знак на внимание кон наделеку познатата госпоѓа Петра“ „Со ништо не сум ве задолжила“, рече Петра поклопувајќи го со едната рака кесето со кафе и подавајќи ја другата кон шишето вињак, како да е готова да ги турне назад кон него и без проблем да ги тргне кон себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нашата рода беше надалеку распространета.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу го сакаше ибн Пајко скопскиот жолт сафтијан, гласот за кого веќе беше одлетал надалеку, а богами и другите кожарски марифети ги ценеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе