накрај предл.
накрај прил.

накрај (прил.)

Кога - во тој миг, сончевите зраци потрчаа по Галичица, се раширија по целото езеро и го вжарија: открај накрај зацари златнорумен сјај...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Лежам така и си мислам кој ден е денеска, колкави се децата, што работат, што им дава за јадење Велика, како излегува накрај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сепак, Акиноските, претприемчиви луѓе, сопрво излегуваа некако накрај со толкуте давачки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Човек толку би бил изморен од живеење што во животот не би имало ни реска од рај туку открај накрај тој би бил само пекол.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Оваа тенденција дава интересна можност за разгледување на зелената боја која боја на состојба „пред светлоста“, на невиноста (младоста): спореди лат. virgo „девица“ со viridis „зелено“. И накрај: во виното (можеби) е вистината Можеби е чудна игра на случајот, што токму виното како мошне стар ритуален и оргијастички напиток ја има поделбата на: црвено, бело и црно вино - иако самата таа поделба е во извесна мера условна, таа сепак останува интересна како факт или како случајно совпаѓање. 108 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кај Ботеро, социјалната комедија не гаѓа грижи на совеста, неговите ликови се среќни накрај да бидат јавно, официјално, без никаков срам она што тие се во длабочината на душата; тие накрај се совпаѓаат со самите себе и тоа ги прави среќни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, кога внатрешниот свет накрај ќе му се предаде на просторот, внатрешната извештаченост треба да биде видена и пројавена.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но кој ќе излезе накрај со таа питомост која и ни овозможува да преживееме, речиси во истиот момент си реков себеси дека можеби Ана (дека можеби Маргарита) нема да се симне на Монпарнас-Бјенвени (и не се симна), дека нема да се симне на Вавен, и не се симна, дека можеби ќе се симне на Распај бидејќи тоа е првата од двете преостанати можности, па кога ни тука не се симна и кога сфатив дека останува уште само една станица каде што би можел да ја следам наспроти последните три каде што веќе сѐ би било сеедно, пак ги побарав очите на Маргарита на прозорското стакло, ја повикав од таква тишина и неподвижност што тоа мораше да допре до неа како зов, како бран, ѝ се насмевнав со онаа насмевка која веќе ни Ана не можеше да ја занемари, која Маргарита мораше да ја прифати иако не го гледаше мојот одблесок камшикуван со полусветлото на тунелот што веќе избиваше на Данфер-Рошро.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас почнав да се распрашувам и накрај, дознав дека тој повеќе е во кондураџиството.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Оставете!“, со достоинство ја прекина накрај самиот генерал Первоједов гнасната итаница на својот задгробен клиент.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еден начин да се излезе накрај со тој проблем е субјектот бесконечно да оди од еден објект до друг, секогаш останувајќи незадоволен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нели, секој Русин, насекаде и секогаш повторува: „О колку е голема нашата мајчичка Русија! Никој ја нема пројавано открај накрај!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Неспособноста на полицијата да излезе накрај со македонските револуционери била очевидна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дали можеш да излезеш накрај со потребите на телото?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој можеше да излезе накрај со опасноста на здодевниот сомнеж, без да се вознемири.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Истовремено, ме подготвија да се спротиставам и да излезам накрај со сѐ што во иднина ме очекува поради моето егејско потекло.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога никаде не го најдоа и откако со извикнување на неговото име ги пребараа сите лески, капини и скребјалници, се вдадоа да ја прошетаат планината открај накрај, и пак Илета Вегов никаде не го најдоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Времето помага само да научиме да излеземе накрај со болката. Со загубата. Со празнината.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)