налудничав прид.

налудничав (прид.)

Скржавото пролетно сонце уште не го распеало софиското зеленило, уште дрвјата не личат на мајски, цветовите пупат, преплашени од налудничавите априлски каприци на времето, цветните алеи по булеварите и парковите сега почнуваат да се шаренеат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од сите бараки излегуваат жените и се вртат на снегот, се пореваат како налудничави сеништа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одам знаејќи дека свеска ми сака да ѝ одам, и еве одам,знаејќи дека е тоа налудничав обид.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јана и незините каприци! Откако ја запозна мајка ѝ налудничавата вдовица со глас на девојче, му беше јасно дека се работи за генетска откаченост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Очите ги чувствувам како да сум ги тркалал во крупен песок, видот ми е замаглен. Налудничав.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Добро, добро – попушти Дедо Мраз штом виде дека пречканицава со налудничавково не води никаде – биди што сакаш, викај се како сакаш, па и Нероден Петко, само кажи ми едно: каде се наоѓаме и што се случува со нас?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- До сега се расправавме со налудничавиве играчки.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Дури и налудничавата мисла да ја земе под наем собата на катот за миг повторно му светна во умот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку што повеќе ја покажував својата налудничава храброст, јас како да сакав да ја доближам мојата мајка, татковината, а во суштина, итајќи кон Картагина, кон дипломатскиот подвиг, јас ја одложував средбата со својата Мајка, која ја задржував во мислите со зборовите кои одамна се готвев да ги напишам!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Засега не ми остануваше друго, но налудничаво да чкрткам по прашални крстозбори од стари списанија, во надеж дека ако машки се потрудам, бесплатно ќе го добијам најновиот број...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Легнав на каучот и уморен заспав од лутата ракија длабоко тонев налудничав настан се одигра во сонот Робинзон Крусо ми даде малиџано Наезда од лебарки кренаа кон нас отспротива курви дојдоа од Зајас им отидов пијан ко најголем џамбас им дадов да каснат од топлиот колбас
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ако го изведев налудничавиот обид што вие го спомнавте, можеби никогаш не ќе излезев жив откај министерот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Накратко да објаснам, беа опасно налудничави.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Иако сите ја сметаа за налудничава, овој пат точно знаеше каде оди.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со неговата налудничава сестра никој не можеше да излезе на крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас Ве прифаќам дека налудничави, мушичави сте...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ти недостасува? Мојата налудничавост? Мојата топла крв? Моите маани? Мојата кожа? Моето хистерично смеење?
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Уште ако не си ти и онаа налудничава Душка ќе се претворам во Робинзон. - Робинзонка!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одново засветка. Дождот се засили. Истура, а ветерот, силен и налудничав, косо ги носи јадрите капки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК