намота св.

намота (св.)

Докторот ги избриша очилата и пак почна да го намотува брадичето околу розовото полно прсте. „Ова е заблуда“, рече докторот промрморе нешто нејасно, тапо, двосмислено; науката му се викаше сомневање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јаженцето грижливо беше намотано и заврзано. Бојан стасал жив и здрав.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Низ него го гледаше обзорувањето и зајдувањето на денот - тоа вечно намотување бело клопче на црно, црно на бело, како што му велеше баба му; го гледаше езерото кога беше мирно и кога се преливаше во севозможни бои како бесценет камен, го гледаше кога рикаше и бучеше како ѕверки да му се бијат во утробата, го гледаше виножитото што со едниот крај се спушташе во него заслепувајќи ги очите со прекрасни бои; го сгедаше езерото кога надојдуваше и од брегот поземаше сѐ што останало на песокта:
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Првин, имајќи го постојано на ум едниот, почетниот, крај, убиството на стрика Анѓела Јанчески, се обидува да го намота клопчето на мислите за потоа да почне да го одмотува сталожено и лека полека сѐ до основната, сѐ до часов сегашен, во кој тој се обидува да го нацрта планот на населбата во Потковицата, - цртежот оставен на масата на средината на одајата тоа означува, план на населбата во Потковицата, заедно со црквата, со општината и со училиштето, кои треба допрва да бидат изградени - потоа, не станувајќи од столот, гледа низ едниот па низ другиот прозорец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Опа!” копкајќи со прстот таа повторно однекаде ја врати играчката и го намота конопот околу неа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Голи, без облека, која треба да се намота и да се исткае.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тој миг Цви Корец длабоко во срцето почувствува дека судбината негова, на семејството, советот, заедницата, на целиот овој град, сѐ посилно се заплеткува во големо клопче што се намотува, се пласти и стега околу сите нив заедно од некоја огромна сила спрема којашто секој отпор е слаб, оттука и излишен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но кога си погледна во рацете, не можеше да им поверува на очите: цели тутки влакна ѝ беа намотани околу прстите. Како на гребен, како на гребло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)