намршти св.

намршти (св.)

Кога ѝ рече да бара момче за мажење — се намршти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Високиот намршти веѓи. Му се обрати на шоферот: - Ја истрчај и пренеси им ја наредбата да престанат да пеат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Возбуден од глетката и со помошта на топлината од радијаторот, почуствував, прво, како да ми се крена некој капак од главата, а потоа како се намрштив, веројатно повеќе од машката мачка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ја зеде чашата од масата, се намршти и попреку го загледа келнерчето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Нешто ме каснало, - одговори Дора тивко. - Ти, да не имаш сипаници? - се намршти баба Нада.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој застана зад Франца, се намршти незадоволно, почека троа, како да смислуваше што да му рече и најпосле го чукна по рамо: - Стоте лева да ми ги вратиш.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога појдовме заедно во канцеларијата на воспитачот и кога Бане му објасни зошто сме дошле, тој прво се намршти, а после ни рече да ги кренеме нозете.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И тие ќе се собереа околу нештата распрострени по најлонот послан на земја, некој ќе земеше некој спреј за муви, ќе се прснеше со него во носот, од силната миризба ќе се намрштеше и ќе речеше: „Не сум толку бадијалџија да тргнам муви по буништа да бркам!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Алиштата ги переше мајка му, па кога се намрштив на тоа ме предупреди, со зборовите: - Како мајка ми ги пере твоите алишта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)