наопаку прил.

наопаку (прил.)

И ќе одговорат дека интересите на татковината секогаш се погоре од интересите општонародни и дека последниве се само средство за првите, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, работењето наше ќе треба да биде врз почвата на народното просветување: мирно, легално, еволуционо; тоа ќе има за цел интелигенцијата да биде вистинска слугинка на народот, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со нашата сегашна национална преродба ние им се спротивставуваме на другите православни Словени, како што се спротивставивме и понапред: тогаш бевме први во духовната преродба што кај нас беше бавна, а кај нив брза, сега наопаку: тогаш тие нас сакаа да нѐ достигнат и работеа со извесна тенденција и брзина, сега наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што сѐ не мислеше да му нарече од лутина, но кога напладнето го сретна, застана пред него, му се загледа в очи со рацете наопаку, сакаше да му зареди да му вели сѐ што имаше смислено да му рече, ама сите зборови му нагрнаа одеднаш и како ветерот да му ги однесе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Откако ја свршија оваа работа, им ги стегнаа рацете наопаку со белегзиите што ги имаа и во затворот, но затоа пак им ги ослободија нозете од тешките пранги за да можат да одат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Цела година го носи гунчето наопаку, береше китки по нивјето и гората и му ги даваше на комшичето Стојана кое им беше врсниче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го земаа коженото палто од татка си и го свртеа наопаку.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ден, - рече бригадирот Језекил. - А ем е ден - ем не е ден. Сѐ ти е наопаку тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Застанаа подалеку и се свртеа наопаку, кон сонцето отаде планината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Море зло, кој ќе прави зло на царски човек, туку пак реков да не излезе наопаку разбрано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сврти ја земјата наопаку, истури ги сите води, дупките наполни ги со сѐ што е живо, пушти оган да ги претвори во мрши, да ги засмрди, да ги сврти во пепел, па ветер да го развее пепелот по црни неба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И удираш двапати на лице, еднаш - наопаку, со тилјето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И, жените, наопаку ги препашуваме скутините, наопаку ги врзуваме шамиите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не знам, вели Здравко, нешто ме врти во мевот. Наопаку ми го врти мевот, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но најпрво откога ќе измешавме сѐ, откога целиот небески свод ќе го удревме наопаку, Метеорот помирливо ќе речеше: - Добро де, будалчиња едни, што сте запнале толку, што е тоа најважно, Сонцето или Земјата, Земјата или Сонцето, сеедно, важно да знаете дека се движат, важно нешто се движи, доволно е толку!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Возејќи сега кон ешалоните што стојат построени, Коста ги преџвакува овие разговори и веста дека Нумо Дамовски е во Прењес и размислува што да направи наопаку за да го слушне од својот претпоставен она „Ај сиктер, паљопедо“22 и барем половина час да биде слободен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Имав прилика еднаш да видам при копањето на еден гроб, трупот од човекот да е свртен наопаку на мев: оживеал по закопување во гробот и во маки завршил. Затоа убаво да проверите, те молам.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Две налице, една наопаку, што се вели, како да плетам чорапи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ко пијана кокошка разодува и едно по едно си зборува: — Што да ви дадам сега за јадење, ништо не ни оставаат, сѐ наопаку превртија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заблудени, што се вели, сите — на лице, тие — наопаку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе