напамет прил.

напамет (прил.)

За неполни два три месеци ги научи напамет молитвите и, на големо чудо од отец Арсенија, почна и сам да ги мрмори во параклисот кога се крстеше и длабоко правеше по четириесет метании наутро и навечер без да се почине.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот поп спремен, со засукани ракави, го распови на масичката малото, ги зеде ножичките, го потстриже, го фати за главче и почна да го брчка во водата што ја донесе Гуца во ѓумот, читајќи си напамет: „Крешчаетсја раба божја . . .“ и се обрна на нунката: „Кажи нунко име“, и причека.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Тој слушал неколку години црквена служба во манастирот и покрај молитвтите што ги беше научил напамет му остана како зборче она „паки, паки“ што го повторуваат поповите толкупати во црквата.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа што си го знае напамет: - Стомниња, бардиња, грниња, уш, ќукш, ги тера магарињата, натоварени со посатки и само вика: стомниња, бардиња, грниња, купете за умрените, за погинатите, вели, за курово здравје гинеа, за ветер во магла, вели, ама мора нешто да ѝ имаме згрешено на мечката од Москва, стомниња, бардиња, грниња, мора да сме ѝ згрешиле, нѐ има секакви ’рчпали, вели, стомниња, бардиња, грниња, не ни е за џабе налутена мечката, вели, не нѐ гледа за ништо напоречки, вели, стомниња, бардиња, грниња, ни пушти шенци, чкрапји и тавтабици и сега чешај се, ако можеш да се досегнеш, стомнина, бардиња, грниња, вели, нѐ остави да нѐ делат ко варена тиква, ко чајчаре, една велка овему, една велка онему.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стрикото Лентен напамет ги знаеше сите села и избројуваше еден милион непознати краишта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Другата недела ми остави две книги. Од крај до крај ги читам, речиси напамет ги учам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури и да се обидев да му се спротивставам, тој не ќе попуштеше, туку ќе почнеше да ми објаснува за некои опасни заразни болести што се добиваат од нечистотија, мајка ми ќе продолжеше во негов стил, а мене таквите нешта ми се страшно здодевни, зашто ги знам веќе напамет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа книга ја знаев напамет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако му падне напамет наутро, тогаш ќе прошета по дворот, ќе го погледне домаќинството и повторно, на одмор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во тоа незнаење што да прави со себеси, му падна напамет да се искачи на Водно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа ме потсетува на одење напамет и со затворени очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури потоа многупати или постојано ги повторувам или преиспитувам тие разговори во себе. Ги учам напамет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега тој мрмореше полугласно, како во себе да повторуваше лекција која подоцна требаше напамет и наглас да ја каже пред некој друг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Легендата за Луда Река Милан ја знаеше напамет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој ги знае напамет телефонските броеви на кои одговараат луѓето, кои имаат булдожери, талпи, валјаци, дробилки, камиони, и работат со нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа се движеше повеќе потамина, како месечар, бидејќи местата, патиштата и патеките одамна ги знаеше напамет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дури и кога по многу силна кавга стануваш со стиснати заби, а ликот во огледалото ти подзаличува на крвожедна ѕверка подготвена за борба до смрт, со облог, имаш судии, порота и „запамтувач“, кој не запишува, ама од прераскажување низ маало со пет кафиња, од повторување, кавгата ја знае напамет, како стихотворба во петто, секоја реплика и реплика на репликата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во главата ја имаше научено релацијата напамет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК