напрегнат прид.
напрегне св.

напрегнат (прид.)

На даден знак со шамичето играчите застануваат, свирачите се во напрегнато чекање. Очите на Атанас се исполнуваат со солзи.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Чекореше. Лицето му беше напрегнато.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се загледа во едната, се загледа во другата, се поистави еден чекор назад, ги протрлка очите, кои му се навирија со солзи од напрегнатото ѕурење, промижурка со клепките, ги скрсти рацете, на градите, и почна да се клешти од смеа: – Ха-ха-ха-ха! Ха-ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Веле слушаше напрегнато. Тој сѐ се надеваше дека ќе чуе некој макар и најмал одглас, којшто ќе му го стопли срцето, но... вистината беше жестока.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од косматите гради му се креваше пареа. Секој дел од телото му беше напрегнат и потреперуваше од силна возбуда.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој неколку мига чекаше напрегнато да излезе од собата и да ги последи овие две грди жени убавицата што ја виде крај колјата... Но залудно....
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зареве борејќи се само со раменици и со глава. Врело и несопирливо, како метална жица, неговиот глас се проби низ клучалките на катот и се забуцна во напрегнатиот слух на станарите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дали добро јуреше автомобилот - не знаеше, бесен и луто напрегнат само ги чувствуваше од обете страни оловните колкови на болничарите и полудуваше од смислени одмазди за овој жиг отпечатен врз неговото чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Фитилот е прекинат некаде. Од напрегнатост во свеста на Арсо започнуваат да се диплат магличести кругови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пискаа, стенкаа, се советуваа што да прават живот да спасат барем тие што ќе останат по ќотеков денешен и решија да му понудат на бегот поголема сума пари да га остави барем живи, та маките ќе ги тргаат што ќе ги тргаат, алипни до живживоти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сопствената кола не се исплатува да се вози низ Истанбул, зашто возењето секогаш претставува опасност и го обременува возачот со психичка напрегнатост.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вака, неисламизирани, може да ги држи во постојано напрегната ситуација, на исто рамниште со другата хирстијанска раја, и да ги исцедува колку нему му се сака.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа Константин е можеби повеќе напрегнат додека го слуша збивањето на другиот и со слух може да пресмета колку е тој оддалечен од него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сиот растреперен ми се жалеше дека таму луѓето имаат страшни и напрегнати лица и дека насекаде му мириса на лага и расипаност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се смешка несигурно, со напрегнати нерви на бегалка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го задржуваше здивот, исчекуваше, сосема втренчен и напрегнат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Стана напрегната и некако деловна, се облече, ја врза црвената шамија околу половината и почна да се занимава со деталите на враќањето дома.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знам, стравот често доаѓа кога напрегнатоста од успехот е најголема, кога радоста е највисока, зашто тогаш има што да се урне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ете зошто, како што му кажав и на Гоце - рекол Мечето - ти изјавувам и тебе: ние сме решени по секоја цена да го спроведеме во дело нашиот план и нека од него и од други слични што би можеле да се извршат по градовите и пругите низ Македонија турската власт се држи постојано во напрегнатост, нека постепено се истоштува материјално и морално, од што ќе може да се види во која мера големите сили ќе бидат готови да ја преземат иницијативата за една интервенција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе